Не ме барај..

Не сум тука – да исполнувам туѓи очекувања, посебно не, на оние, чии очекувањата не ги знам, бидејќи гласно и јасно не ми ги кажале. А не ги кажале, бидејќи сметаат дека тоа се подразбира.

– Секогаш да бидам одлично расположена и насмеана, бидејќи имам периоди кога тоа и не сум, а да глумам нема и не знам.

– Да бидам верна и женичка. Не можам, не знам, не сум тоа.

– Да молчам за насилство и неправда. Бидејќи ако молчам, дел сум од тоа, учевствувам и премолчено подржувам. А со тоа, да се будам и легнувам- не благодарам.

– Да ги пропуштам шансите, кои ми се јавиваат и укажуваат. Кога, ако не сега?

– Да ласкам и да се насмевнувам, да климам со главата, за се’ она што ќе ми се каже.

– Да кукам и во се’ да барам мана и грешка. Бидејќи, тоа ќе го умори човекот, а уморот му штети на тенот.

– Да продавам морал и однесување, кое можеби многумина го подржуваат, бидејќи никој од нив, не ми плаќа ни струја, ни вода. А ниту ме храни.

– Да си ја ‘чукам главата’ со вечното прашање што би било, кога би било? Се’ е како што треба да биде. Колку во одредени моменти, во тоа не верувам, животот ме научил дека сепак ќе биде така.

– Да живеам за нешто или за некој. Кога последен пат се жалев, многу бргу сфатив, дека се жалам себе си, без тој некој или тоа нешто. А ако нешто не сакам и не работам, тоа е самосожалување.

– Да се убивам од работа. Ионака, од тоа немам многу корист. Повеќе сакам да спијам, патувам и да се дружам.

– Да бидам тип- топ средена лепотица, бидејќи прво, не сум лепотица, а всушност за тоа нема потреба, кога е вистинско дружење.

– Да играм игрици, да ‘фаќам’ на солзи и манипулирам, за да извлечам нешто за себе.

– Да заведувам и анимирам мажи. Сакаш- не сакаш.

– Да живуркам, да бидам љубоморна и да го прашувам каде е. Секако, може да се провери тоа, што ќе ми каже.

– Да се мешам и ‘пикам’ во туѓи животи, бидејќи не ме интересираат. Кој со кого, како, зошто. Не ме интетесира.

Извор: lolamagazin

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: