Од сите вистини, најдлабоки и најистрајни се вистините на срцето

Не сум јас за припадност на било кој систем. Не умеам да слушам, извршувам, чекам нова заповест. Одговорна сум. Дури и премногу, ќе речат некои.

И вредна сум. Дури и премногу за некои. Но, системот не го сака тоа ПРЕМНОГУ. Тој бара, да бидеш она што ќе ти се даде и ни ронка преку тоа. Во системот и малку и многу се пресметува како минус.

Убаво изделкан, во исто рамниште со сите, ти не си оној што си, туку оној кој ти одговара. Не можам јас тоа. Всушност, можам ама не сакам. Сакам да негувам она што ми е дадено со раѓање, а не да се борам за улога која би ми ја доделил човек.

И повеќе ги сакам вистинските солзи од лажна насмевка. А кога се смеам, тоа не е само поради тоа што сум среќна, туку затоа што разбирам. За првото ми треба повод, а за другото освестување. Несреќата со причина, создава од нас зависници, а среќата без причина сведочи за слободен човек.

Бранкица Дамјановиќ

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

Create a website or blog at WordPress.com

Up ↑

%d bloggers like this: