Животот нема гаранција или сигурност. Животот е таков како што се одвива, на најнеочекуван и непредвидлив начин. Се’ што можете да одржите одвнатре се вештината за добрина, љубов, љубезност, сочувство и благодарност.
Ако овие особини не се негуваат секој момент, во вас ќе остане само жалење и разочарување. Смртта е гарантирана. Она што имате во моментот на смртта, е се’ она што можете да го наречете свое.
Богатото срце ќе биде исполнето со добрина и милост. Сиромашното срце, ќе биде исполнето со разочарување и жалење. Значи, изборот е ваш.
Се’ што имате, се моментите на будната состојба, која ќе ја употребите, за да ја одредите својата судбина и одредиште. Состојбите на сон и спиење вам не ви припаѓаат.
Моханџи зборува за практичната мудрост.
Leave a Reply