Грешката е грешка, само ако ја повториш

Го пушти.

Без размислување или зборови, само го пушти. Се ослободи од стравот. Се ослободи од предрасуди. Од туѓи мислења кои ти се мотаа во  главата.

Се ослободи од сета неодлучност во себе. Од сите ‘вистински причини’. Целосно и во потполност, без двоумење и грижа, само го пушти.

Не праша никој за совет. Само го пушти.

Ги пушти сите спомени кои ти се враќаа. Се ослободи од сите стравови кои ја спречуваа да оди напред. Ги пушти своите планови и пресметки, за тоа како да се направат вистинските работи.

Не вети дека ќе го пуштиш. Не напиша дневник за тоа. Не го одреди датумот кога тоа ќе го направиш. Не и’ поверува на временската прогноза и дневниот хороскоп. Само го пушти. Не направи анализа дали требаше да пушти.

Не ги повика своите пријатели да разговараат за тоа. Не одеше на духовни сеанси. Не кажуваше молитви. Не изговори ниту еден збор. Само го пушти.

Никој не беше тука кога тоа се случи. Немаше аплаузи и честитки. Никој не ти се заблагодари, никој не те пофали.

Никој ништо не забележа. Како лист што паѓа од стебло, така и ти само го пушти. Немаше напор. Ниту борба. Не беше ни добро ни лошо. Било што било и толку.

Во тој процес на пуштање, пушти да биде, така како што треба да биде. Мала насмевка се појави на твоето лице.

Благо ветре дувна низ неа. И сонце и месечина засекогаш светнаа.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading