Зошто е Љубовта заспана во нас?

Како што многу патишта водат до врвот на планината, постојат и многу патишта со кои можеме да ja постигнеме својата цел.

Помогни Боже, да го препознаеме единствениот пат кој вреди да се следи: оној каде што се покажува Љубов.

Пред да ја раздвижиме Љубовта во другите, помогни да ја разбудиме Љубовта заспана во нас. Само така ќе можеме да ги привлечеме симпатиите, воодушевувањето и почитувањето. Научи не’ да ги разликуваме битките кои не се наши, битките во кои не’ туркаат против нашата волја и битки кои не можеме да ги избегнеме бидејќи судбината ни ги постави на патот.

Нека ни ги отвори очите, да бидеме во состојба да осознаеме како никогаш не сме проживеале два исти дена. Секој донел друго чудо поради кое продолживме да дишеме, да сонуваме и да чекориме под капата небеска.

Нека и ушите ни се отворат да ги слушнеме вистинските зборови кои наеднаш допираат, од устата на нашите ближни иако не баравме совет и иако никој од нив не знае што во тој момент се случува во нашата душа.

А кога ќе застанеме, помогни да зборуваме, не само на јазикот на луѓето, туку и на јазикот на ангелите и да кажеме: ‘Чудата не се случуваат против законот на природата; ние така само мислиме бидејќи не го познаваме законот на природата.

А во моментот кога во тоа ќе успееме, помогни да ја наведнеме главата во знак на почитување и да кажеме: ‘Бев слеп, а сега гледам. Бев нем, а сега можам да зборувам. Бев глув а сега слушам.

Бидејќи Божјите чуда се случуваат во мене и се’ што сметав дека е изгубено, се врати.

Коељо

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading