Животот е прекраток за да бидеме незадоволни

Нека те води твоето чувство за вредност и сознание. Твојот начин за правилно. И не давај да те спуштат на помалку од тоа.

Не дозволувај да те повлечат во млако и безвредно, само затоа што тие така живеат. Верувај во својот попис на животни вредности. Дури и тогаш, кога сите околу тебе те уверуваат дека е невозможно.

Можно е. Можеби не во нивните глави, но во твојата да. И не ги спуштај критериумите, само затоа што некои кои ги познаваш, тоа не го оствариле. Тоа се нивни искуствата, нивни животи. Не твои.

И нема да биде така, освен ако ти во тоа не поверуваш. Не давај на себе. И да, знај дека така ќе се одлепиш од многумина кои те опкружуваат. Не со лоша намера, само патиштата ќе ви бидат различни. Можеби и неповратно. Но, не попусто.

Сега е време за чекор напред. Повеќе напред. И многу ‘твои’ луѓе ќе отпаднат по тој пат, а некои пак нови ќе дојдат. Оние кои треба тука да бидат до тебе на следниот дел од патот.

Бидејќи ден кој завршува, значи и почеток на следниот. Нов.

Не го заборавај тоа.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading