Гушкајте се…да не ви биде жал што сте пропуштиле

Дојдов само да ти покажам дека светот е убав кога ќе се повлечеш наназад и кога ќе го набљудуваш од далеку. Од далеку ја гледаш пошироката слика.

Дојдов за да ти покажам дека можеш, за да ти дадам смисла и причина за понатаму, за да се сетиш кој си, кој го сакаш и што посакуваш, за да можеш да одделиш важно од неважно.Дојдов за да ти покажам дека од грижа немаш ништо, а од вера имаш се’.

Да те потсетам на личноста која ја заборави. На себе.

На тоа дека подобрите времиња доаѓаат, замислените желби се остваруваат, дека и во бури може да се ужива и да се најде сопствениот мир, значи се’ да се прифати и другите најповеќе ги чуваш, кога ќе научиш да се сакаш себе си.

Иако ти е тешко да поверуваш, знај дека не дојдов да ти наштетам, туку од стариот тебе да те оздравам.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: