Биди среќен.. и онака никој не е загрижен ако не си

Иако сите понекогаш се чувствуваме изгубено, тоа не е пријатно чувство. Тажно е што не постои брз и лесен начин, да го сфатиме својот живот и да го тргнеме чувството на изгубеност. Сепак, како и со многу работи во животот, малку дополнително разбирање и сочувство, може да ни помогне да пловиме низ овие негативни чувства.

Зошто некои луѓе имаат среден живот; знаат кои се, изгледаат како сигурно да знаат каде одат, додека другите се чувствуваат изгубено и осамено во светот. Можеби сте вие еден од оние изгубените. Можеби размислувате, дали има вооошто смисла животот или не сте сигурни што правите со него. Лесно е да се помисли, дека другите тоа го сфатиле, поради нивната фина надворешна појава, се додека не се ставите на нивно место.

Секој се чувствува изгубено во некој момент од својот живот. Тоа е неизбежно. Не е важно колку сте богати или сиромашни, животот понекогаш може да се чини многу бесмислен. Тоа се случува затоа што никој не се раѓа со прирачник и упатство за живот. Сите се обидуваме да најдеме смисла во животот, на свој начин.

Најчесто имаме искривена слика за себе. Луѓето се чувствуваат изгубено во животот, не се сакаат премногу себе. Имаат склоност да ја искриват сликата за себе, што ги ограничува во почитување на нивната сопствена интелигенција и вредност.

Обично не прифаќаат една единствена вистина- она дека се’ е доволно. Единствено што гледаат е колку се инфериорни, безвредни или безначајни и тоа дека ништо што ќе направат, не е доволно добро. Кога ќе се видите себе како инфериорен и помалку вреден, ќе бидете депресивни, тажни и несреќни. Ќе се чувствувате несреќно.

Поради тоа мора да се согледате себе си во стварна перспектива. Вие сте посебни- вреден член на човечката заедница. Само поради тоа што сте поинакви или единствени на некој начин, не значи дека сте помалку вредни. Вашиот капацитет за љубов, среќа и успех е ист со било која друга личност. Поминете повеќе време сами со себе, за да сфатите што всушност имате одвнатре и што ве прави среќни. Потоа правете ги оние работи кои навистина ве возбудуваат.

Си должите сами на себе да бидете среќни. Верувајте во себе и во вашиот потенцијал, бидејќи ако не верувате сами во себе, никој нема друг да верува во вас. Секое чувство на неважност, одвоеност, неповрзаност се само илузии, бидејќи навистина сте важни, поврзани, сакани и во никој случај сами. Бидете среќни поради она што сте. Сите ваши сили, посебност и несовршеност се она што ве прави сакани.

Луѓето грешат бидејќи се обидуваат да исполнат туѓи очекувања. Луѓето кои се чувствуваат изгубено, живеат живот врз основа на она, што другите луѓе го сметаат дека е добро за нив. Живеат живот во согласност со она, што другите луѓе ќе кажат дека е правилно за нив. Затоа, го обликуваат својот живот според туѓите идеали, мисли и верувања кои ги наследиле од родителите, ги усвоиле од учителите, пријателите и медиумите. Кога ќе се најдат во ситуација да се обидат да ги исполнат фантазиите и другите развикани стандарди како убавина, моќ и нема да успеат, стануваат депресивни. Се чувствуваат изгубено и се прашуваат: ‘Ако успехот изгледа така, што сум тогаш јас?’

Лудо е да се живее по туѓи стандарди. Никогаш нема да ги исполните. Ќе се трудите, но никогаш нема да успеете. Зошто се изложувате на тој непотребен притисок за да се прилагодите? Не мора тоа да го правите, за да бидете успешни во животот. Можете да бидете искрени кон себе и ќе бидете вистински среќни и задоволни. Вие сте свои.

Живејте според своите очекувања. Вие самите себе најдобро се познавате и само вие можете да поставите реални очекувања кон себе. Престанете да се споредувате со другите- едноставно престанете. Споредете се со другите само поради инспирација, а не поради самоисполнување и отфрлете го секој кој ќе се обиде да ви ги наметне нивните вредности.

Вие сте возрасни. Одлучете сами што ви е важно и престанете да се плашите дека нема да ги исполните туѓите очекуваеа. Отфрлете го митот за совршенство. Бидете слободни да го живеете својот живот онака како што вие сакате. Всушност, тоа е ваш живот, зарем не?

извор: atma

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading