Не се труди да им се допаднеш на луѓето, туку на Бог

Некој трговец му должел пари на самурајот. Го прекршил договорот за враќање неколку пати и самурајот го извлекол мечот да го убие.

Трговецот се помирил со судбината, гледајќи го самурајот во очи, само се поклонил и мирно рекол: ‘Можеш слободно да ме убиеш, но пред да го направиш тоа, потребно е да знаеш дека кога лутината ќе нарасне, мудриот човек рацете ги држи надолу.

На самурајот таа забелешка на трговецот му се стори искрена и поучна и го врати мечот, одлучувајќи и овој пат да му прости. Договориле нов рок и се разделиле секој на своја страна.

Самурајот неколку дена патувал до своето село. Кога конечно стигнал, била длабока ноќ. Влегол во куќата, во мрачната соба здогледал двајца како спијат во неговиот кревет. Веднаш забележал дека едната била неговата жена, додека за другиот не знаел кој би можел тоа да биде.

Помислил дека може да биде некој маж и веднаш го извадил мечот. И токму кога замавнал, во неговата глава одекнале зборовите на трговецот. Го спуштил мечот, се доближил и го тргнал покривачот.

Се изненадил кога во другиот човек, ја препознал својата мајка. Подоцна разбрал дека таа дошла за да и’ прави друштво на снаата, бидејќи во околината имало многу разбојници. За да не забележат дека самурајот не е дома, таа била дома со снаата.

Сфаќајќи дека избегнал трагедија, благодарејќи на зборовите на трговецот, во истиот момент се свртил и ја напуштил куќата. Се вратил на местото каде што го нашол трговецот.

Кога го забележал, трговецот прво помислил дека самурајот се предомислил за рокот на враќање на парите. Наместо тоа, самурајот застанал пред него, се поклонил и со благ, но одлучен глас рекол: ‘Ти повеќе ништо не ми должиш’.

Потоа се свртил и се упатил назад во своето село. Изненаден, трговецот уште долго гледал во него.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading