Луѓето секогаш влегуваат во нашиот живот со причина

Луѓето секогаш влегуваат во вашиот живот со причина, во текот на една сезона или во текот на цел живот. Кога ќе дознаете за кој временски период, ќе знаете што треба да направите со таа личност.

Кога некој ќе влезе во вашиот живот, тоа е со причина, најчесто да удоволите на потребата која сте ја искажале. Доаѓа да ви помогне низ потешкотиите, да ви даде совет и подршка, да ви помогне физички, емоционално или духовно. Тоа може да изгледа како дар од небо и тоа е така.

Значи, без никаква грешка од ваша страна или во најмалку погоден момент, оваа личност ќе каже или ќе направи нешто за вашиот однос да се заврши. Понекогаш просто ќе исчезне. Понекогаш лошо се однесува и ве тера вие сами да ја донесете таа одлука за прекинување на врската.

Она што треба да сфатите е дека вашата потреба е задоволена, желбата исполнета, неговата работа завршена..На вашата молитва е одговорено и сега е време да продолжите понатаму. Постојат оние кои остануваат во вашиот живот за една сезона, бидејќи време е самостојно да растете и учите. Ви носи искуство на мир или едностано ве прави среќни. Тоа може да ве научи на нешто што никогаш не сте го научиле. Често ви дава неверојатна количина на радост. Верувајте, вистина е. Но, тоа е за една сезона!

Животните врски ќе ве научат на лекции за цел живот, работи кои мора да ги градите за да имате цврста емоционална основа. Вашата задача е да ја прифатите лекцијата, да ја сакате личноста и да користите она што сте научиле, во сите други врски или моменти во вашиот живот.

Ви благодарам што сте дел од мојот живот, било да е тоа за една сезона или за цел живот.

Паоло Коељо

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading