Не биди затвореник на минатото, тоа е само лекција..

Нас не не’ гази времето, туку она што не сме направиле во тоа време, што сме биле пасивни набљудувачи во својот живот.

Не’ гази, како другите живеат, споредувањето и натпреварувањето со другите. Играта, кој повеќе има, кој пред кој е, чии автомобил е подобар, чија куќа е поголема, чија работа е поуспешна.

Премалку ги ценевме важните работи, убавиот збор, топлата прегратка, нежниот бакнеж и сл. Не’ гази тоа, што наместо воздух, вдишувавме страв, сомнеж, несигурност, кои се понудени од другите, а премалку се храневме со љубов од оние најблиските.

Не’ прегази тоа што сме опкружени со луѓе кои не беа покрај нас поради нас, туку поради нешто што им требаше или едноставно само од стравот да не останат сами.

Да престанеме веќе еднаш, да се жалиме на времето, имаме прилики и можност се додека дишеме. Потребна е доза на храброст да го погледнеме своето срце и да одлучиме да живееме, онака како што се чувствуваме.

Ќе станеме посилни од стравот, кога имаме нешто за што се исплаќа да се бориме, за што вреди да се даде последниот атом на сила и да се каже дека животот е убав.

Промената почнува кога ќе одлучиме да правиме работи кои ја хранат нашата душа, а помалку она што другите ни зборуваат. Не сме виновни што на патот не ни цветаат ружи, но виновни сме што имаме во раката некое семе, а не го садиме, па макар тие ружи или некои други цветови да процветаат за оние, кои ќе дојдат по нас.

Идеални услови никогаш нема да имаме, но можеме да ја разбудиме волјата, која може да ги помрдне работите, која може да направи подобри прилики, еднаш да престанеме да се жалиме на времето и луѓето, на околности и настаните и да кажеме дека нашиот живот станува она што од него ќе направиме.

by Рита

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading