20 мудрости на афричките племиња

-Ако имаш цел, ќе го најдеш патот.

– Ако птицата клука од житото на твојот другар- избркај ја, бидејќи ќе дојде време кога и твоето ќе го клука.

– Ако некој ти каже дека гладен е подобар од сит, немој да му веруваш.

– Подобро непријателот да го задржиш надвор од куќата, отколку да го бркаш од куќата.

– Грубите шеги на пријателите исто се како предавство.

– За гасење на пожарот не се бара чиста вода.

– Знаењето е како стебло на баобаба: еден човек не може да го опфати.

– Кога ти е тешко- плачи, но твоите солзи нека не течат по земјата- може да се извалка.

– Лагата има седум завршетоци, а вистината само една.

– Лагата може да нанесе болка сто пати повеќе отколку копјето.

– Остави му на оној кој сака она што сака, бидејќи ако му кажеш да го остави она што сака, тој и понатаму ќе сака она што сака, а тебе ќе те мрази.

– Преголема мудрост се граничи со глупост.

– Со претерано добредојде нема далеку да стигниш.

– Само глупиот човек можат да го скршат ситните работи.

– Среќен е кртот кој живее под земјата и не го гледа овој свет, ваков каков што е.

– Срцето е тоа, кое не’ води во рај и пекол.

– Срцето не е колено, за да може да се свитка.

-Што ќе ни е богатство, ако поради него секој момент можеме да изгубиме глава.

– Што нема да постигнеш со викање, ќе постигнеш со молчење.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading