Ако сакате подобро да се однесуваат кон вас, однесувајте се подобро кон себе

Ако сакате другата личност, да го отвори своето срце, отворете го и вие своето. Таа не може да направи ништо, што вие не можете да направите. Ваше е огледало. Дури и ако таа прва тоа го направи, вие не можете да го почувствувате, ако не сте го отвориле своето срце.

Ако сакате со некој да го подобрите односот, подобрете го односот со самите себе. Ако сакате да почувствувате повеќе доверба, верувајте си себе си повеќе. Ако сакате да почувствувате повеќе љубов, сакајте се себе си повеќе. Ако барате сигурност, дајте со самите себе сигурност.

Ако сакате подобро да се однесуваат кон вас, однесувајте се подобро кон себе. Ако сакате да доживеете богатство, дарувајте си себе исполнетост. За тоа не ви се потребни пари, само вистинска насока на вашато набљудување.

Ако копнеете за нови мотивации, слобода и авантура, направете го тоа сами. Почнете со мало, а тогаш поголемото ќе дојде само. Ако не сакате да ве измамат, обрнете внимание дали некаде сами се залажувате. Ако сакате да бидете почитувани, почитувајте се сами себе. Ако сакате да имате поголема слобода на одлучување, а не ја добивате, одлучувајте сепак сами.

Што и да барате: бидете тоа прво и сами, а ако тоа ви преставува задоволство, вие потоа дајте им го на другите. Тогаш се’, на крајот ќе ви се врати, затоа што делува како ваш магнет.

Ridiger Shahe – ‘Тајната на срцевиот магнет’

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading