Со раѓањето, од Бог ја добивме нашата слободна волја

Таа дури не е ниту толку слободна, бидејќи сме повеќеслојни суштества, па така носиме во потсвеста (значи, не сме свесни) за многу програми на нашите претци. Тоа оптеретување го носиме како некоја тешка, а невидлива вреќа со себе, која носи многу повторувања на ситуации во нашиот живот.

Во таа вреќа, покрај теретот на нашите претци, ги носиме и нашите терети, кои ги донесовме со себе во овој живот. На тоа може да се работи, можеме да одбереме да го олеснеме тоа наследство, затоа постојат многу начини, кој бара- тој и ќе најде.

Нашата слободна волја, наше е право од раѓање. Луѓето го користат тоа право со сета сила и често се наоѓаат во ситуација каде се поставува прашањето: Дали ќе биде волјата твоја или волјата моја? Тука често се создаваат моќни судири, поради големата сила на волјата која ја имаме. Бидејќи, некој ќе каже, ако биде волјата твоја, тогаш јас тоа не го прифаќам. Или, ако биде волјата твоја, во себе ќе ја зголемувам лутината, неприфаќањето и забелешките.. Едноставно, не можам да ја поднесам твојата волја, не поднесувам ако не е волјата моја. Не те прифаќам. Тоа е мој избор, така бирам.

Прашањето е, што ако волјата не е ничија, туку само Божја? На земјата сме испратени, за да креираме поголема толеранција во односот на едни кон други. Нека биде малку волја твоја, а малку волја моја, луѓе сме, можеме да се договориме ако сакаме.

Затоа нашите волји се судираат?

Јас нема тебе да те отфрлам во потполност, бидејќи во тебе има многу добро и сакано си божјо дете, токму како и јас. Можеби можам да изберам да те сакам и покрај тоа што нашите избори, делата и мислењето се судираат.

Можеби е време да ги смириме нашите волји и да одбереме љубов и прифаќање, можеби и по сто години, милениум на неприфаќање. Јас само се молам мојата волја да биде божја волја, а за тебе нека биде волјата твоја, нека биде како што сакаш.

Ако Бог ти дал слободна волја, кој сум јас да се плеткам во тоа?! Иако не ги одобрувам сите твои избори, одбирам да те сакам и да бидам благодарна за се’ она добро што е во тебе, тоа е волја моја. Значи, бирам да те благословам со љубов и при тоа да се насмевнувам и да танцувам, бидејќи истовремено, кога те благословувам тебе, тоа го правам и за себе.

Исцрпив многу можности, одбрав многу работи, понекогаш дури и не толеранција…на крајот сфатив дека љубовта е најдобар избор за мене.

Лејла

Извор: atma

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading