Подобро да се биде среќно разведен, отколку во несреќен брак

Многу жени не сакаат да се разведат и остануваат во лош брак, бидејќи се плашат дека ќе останат сами или се кратко во брак, па мислат дека работите со тек на време ќе се променат. Додека бев во брак и јас така се однесував, но сфатив дека е подобро да се разведам отколку да бидам во лош брак. Научив неколку важни лекции иако ни сама не бев свесна за нив.

1. Добар интимен однос не ги ‘покрива’ сите лоши работи. Не е важно дали е тој добар во креветот, ако не ве прави среќна или не се однесува кон вас со почитување, со тек на време тој однос со него ќе предизвика само грч во стомакот.

2. Физичкиот изглед навистина не значи многу; Сигурно вашиот партнер многу ве привлекол со својот физички изглед, но колку ве привлекува сега? Колку е привлечен кога галами, кога ве игнорира или кога ве обвинува за секоја ситница. И оној најатрактивниот маж може да стане непривлечен кога ве прави да се чувствувате безвредно.

3. Парите не ја купуваат среќата; Многу жени остануваат во лош брак бидејќи не сакаат да ја напуштат финансиската сигурност која ја имаат. Јас научив дека е многу подобро да спијам во мала гарсоњера мирна, отколку да спијам во голема куќа каде се чувствувам мизерно.

4. Не треба да се остане во лош брак поради децата. Вашите деца веројатно многу го сакаат својот татко, но децата се неверојатно чувствителни на се’ што ги опкружува. Расправии, тензии, тишина, сето тоа влијае на децата и тие тоа го забележуваат. Разводот може да направи децата да се чувствуваат несигурно и потресено, но за кратко време во вашиот дом и среќната мајка тоа ќе го променат.

5. Не можете многу работи да смените; Секако дека треба да се обидете да ги смените работите кај себе кои не се добри за вашиот брак, но не можете во потполност да се менувате. Не можете да се промените до таа мера за да бидете нешто што не сте и што треба да бидете.

6. Не е така страшно да се биде сам; Страв од непознато, загриженост за тоа како ќе ги плаќате сметките или да се замислувате себе дека ќе бидете осамени може да биде застрашувачки. Но, тоа и не е така страшно како идејата, дека животот кој моментално го живеете е единствениот кој некогаш ќе го живеете.

7. Да се има свој мир и здравје; Да се биде сама или сама со своите деца по години поминати во брак може да ви се чини страшно и необично во почеток, но стресот од прилагодување е ништо во споредба со стресот кој ви предизвика несреќен брак. Да се биде сам повторно носи со себе некои проблеми, можете да бидете под стрес и да имате лоши денови, но со тие работи доаѓа среќа и самодоверба кои се создаваат со создавање на нов себе и нов живот. Ќе почувствувате мир во домот во кој нема место за расправии.

Извор: pult24.info

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading