Се’ што треба да дојде, ќе дојде…

Се’ што треба да дојде, ќе дојде…

А тоа што не ти треба, нема да се појави во твојот живот, колку силно и долго посакуваш. За да живееш мирно, треба потполно да ја прифатиш оваа вистина.

Објаснување: Постојат желби на егото и желби на Бог за тебе. Желбите на егото, обично се тешки и никако не се остваруваат, колку силно и да се посакувани, а оние кои Бог сака да се реализираат, секогаш се остваруваат.

Мудрост е да се научи да се препознаат, овие два вида на желби во нашиот живот. Кога тоа ќе го научиме, тогаш се откажуваме од желбата на егото и се препуштаме Бог да не’ води.

Тогаш и само тогаш ни стигнува во животот она што е вистинско добро за нас, а не она што ние мислиме дека е добро. Тоа важи за работа, за луѓе со кои живееме, за партнери, за се’.. Кога еднаш ќе ја прифатиш оваа вистина и ќе се откажеш од желбите на егото, твојот живот ќе биде немерливо полесен, помирен и поубав.

Јасна.Л

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading