Дали често се прашувате: ‘Зошто сеуште не ми се случува ништо?’

Ако нешто не се случи оној момент кога посакавте, не значи дека и нема. Само треба да бидете свесни дека желбите не зависат само од нас. Она што не ви е судено никогаш не може да биде ваше, а она што ви е судено никој не може да ви го одземе.

Ако го отпуштите стравот, ќе го слушнете срцето, тоа знае што е вредно за чекање, а што не е. Најголемите сомнежи се раѓаат и умираат во нас. Ние ги создаваме, одгледуваме, разгоруваме и само ние можеме да ги закопаме. Нема човек кој барем еднаш не живеел во сомнеж. Со преиспитување и она едно, но најтешко: ‘Зошто?’.

Времето често на човекот му доаѓа како најголем непријател, но дали е тоа навистина така? Во желбата да ги оствариме нашите најдлабоки желби, најживи соништа, најголеми фантазии, трчаме, летаме, брзаме и прерано стигнуваме на целта. А таму? Таму нема да не’ пречека никој освен нас самите и тогаш се создава празнина. Остануваме осамени и со својот копнеж, осудени на ‘пуста желба’. И секој ден, нашиот сон ја губи смислата.

‘Зарем сум осуден секогаш далеку да стигнам, а никогаш да не ја преминам границата?’- се прашувам. Ако еднаш не успее, помислуваме дека никогаш и нема. Ако не ни се оствари кога ние ќе посакаме, помислуваме дека се’ пропадна. Ако не добиеме она што посакуваме, подготвени сме да отфрлиме се’ и да тргнеме напред. Дали е тоа погрешно?

Не е. Но, тоа е доказ дека она што сакавме, очигледно не го сакавме доволно. Какви се тие соништа кои ги отфрлате со првиот неуспех? Полусоништа. Каков е тој човек кој отфрлува се’ по првиот пат? Получовек. Постои нешто во универзумот што се вика време. Тоа не го поседуваме и не го контролираме. Тоа не ни е подредено и покрај се’ тече.

Постои нешто во Универзумот што се вика судбина. Таа е наша, но ние не ја контролираме. Таа е слепа и глува на нашите желби и се се’ случува кога таа ќе посака. Постојат сигурно ситуации и луѓе поради кои често се прашувате: ‘Зошто не се случило? Одговори има два: Или Универзумот ве заштитил бидејќи ви подготвува нешто подобро или уште не е време да се случи тоа што сакате.

Ако одговорот е под број 1 тогаш треба да бидете благодарни, иако тоа некогаш е најтешка работа. Во моментот кога нешто силно посакувате, не сте подготвени да ги видите причините зошто нешто не се случува ниту да ги прифатите. Но, како времето поминува, секогаш ќе сфатите дека се’ се случува со причина. Ако сакате да бидете со некој, а тоа не се случи, можеби ве чека некој друг. Ако силно сакате да постигнете нешто, а не успевате, сигурно негде ве чека некој друг успех.

Ако одговорот е под 2 тогаш треба да бидете свесни дека секој поединец во својот живот има свој пат. Не се сите луѓе секогаш подготвени во исто време да возвратат со ист капацитет. Не доаѓаат сите во исто време на целта, но тоа не значи дека никогаш нема да стигнат. Прашање е на време. Да, на тоа е време кое така тешко ви паѓа.

Прашање е на чекање. На тоа чекање кое го мразите повеќе од било што. Но, факт е дека чекањето често покажува колку вредат вашите соништа. Ако мислите дека нешто не е вредно за чекање- тогаш веројатно и не е. Она што можете да го дочекате со широки раце и отворено срце без сомнеж во остварувањето- вредно е за чекање. Што е важно? Да разделите што е важно, а што не е. Не сме сите во исти брзини. Не сме сите во исти околности. Не одиме сите со исти чекори. Но, ако едни со други не се почекаме на раскрсница, кој ќе не’ пречека? Осаменост.

Отпуштете го стравот, ќе го слушнете срцето, тоа знае што е вредно за чекање, а што не е. Тогаш конците на сомнежот ќе попуштат, а вие ќе бидете слободни да ги чекате своите соништа. Среќни што воопшто имате прилика да ги сонувате. Многумина на крајот го немаат тоа.

Сања Парамински

извор: atma

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading