Од машки агол: Како да се припитоми маж?

Кога ќе запознае добар маж, жената ја прави веднаш најголемата грешка- ја буди желбата автоматски да почне да го ‘преправа’ мажот или да го врзува за себе. За жал многу жени не знаат како тоа да го изведат на вистински начин, па во тие обиди добиваат контра ефект- го бркаат од себе.

Создадете интриги во неговите мисли, натерајте го да размислува за вас, разбудете му ја фантазијата и што е најважно покажете му ги забите: дајте му до знаење дека со вас не може како што тој ќе посака. Покажете му дека сте свесни за својата вредност и дека вашиoт живот е богат и интересен дури и без него.

Втора важна ставка е да му дадете простор: Обично кога некого посакуваме, правиме кобна грешка со тоа што го гушиме. Сите сакаат внимание, но до одредена мера. Не бидете зависни од партнерот, дури и ако сте, трудете се тоа да не го покажете. Не бидете ниту премногу ладни, бидејќи можете да делувате потполно незаинтересирано, но оставете мала доза на мистериозност, чисто да покажете дека има уште многу интересно да открие за вас.

Како жена, сфаќате дека моќта е во вашите раце. Вие го контролирате своето, но и неговото расположение, вибрација и емоција. Вие одлучувате на кој начин сакате да влезете во некоја просторија и како сакате луѓето да ве видат и доживеат. За да ја искористите својата моќ, работете на тоа да се ослободите од било каков стрес и негативност и да заблескате во најдобро светло.

Ако сакате успешно да го заведете мажот, направете да се чувствува мажевно покрај вас. Ако во ваше присуство се чувствува добро, пријатно, самоуверено и посакувано, ќе сака постојано да биде покрај вас. Направете да се чувствува како вистински маж и ќе го имате во раце додека да трепнете.

извор: APortal

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading