Жено, те посакувам убава, слободна и луда

Не е прашање да се биде маж или жена, туку да се почитува светот и сите луѓе. Да ги оставиме настрана стереотипите кои не’ наведуваат на помислата дека жената треба да го експлоатира своето тело, да ги игнорира сите негови потреби и да се жртвува за другите додека не се исцрпи. Неопходно е, да се престане со хранење на идејата дека жената како личност треба да му угодува на другите, без очекувања или лични потреби.

Мора да го вратиме својот идентитет, да ја тргнеме маската која понекогаш ја носиме и да го вратиме своето право да го живееме својот живот онака како што ние го сметаме за потребно. Вистина е, да се биде жена во свет кој се чини дека е прилагоден на мажите не е секогаш лесно, бидејќи некои идеи се вкоренети во нас и прават да паднеме во предрасуди, а за тоа да не сме свесни.

Жената има иста лична моќ, иста способност да чувствува, да ја обликува својата иднина и да ги менува општествените структури како и мажот. Патријархат е присутен во нашето општество преку зборови, слики, вредности, идеи, верувања кои ја потикнуваат жената да може се’ да поднесува на физичко и емоционално ниво.

Најдоброто време на жената е кога престанува да се надева дека среќата доаѓа од мажот или однадвор и се исполнува со самољубие, почитување кон себе и не го губи достоинството по никоја цена и ако ова значи да се биде сам. Да се живее покорно, поради верувањето на општеството кое уште не станало свесно за својата огромна нееднаквост, драми на насилство над жените или објективизација на женското тело не’ прави ранливи во форма на анксиозност, депресија, зависност на различни врсти, неможност на прилагодување итн.

Ниту една жена не смее да биде приморана да го жртвува својот идентитет за некој друг, дури ниту за луѓето кои ги сака. Да престанеме да се чувствуваме виновни ако не се потрудивме и да ја губиме вербата во својата вредност и своите способности. Наместо тоа, да бараме слобода и личен идентитет, оставајќи го на страна стереотипот за женскиот идентитет. Да не претпоставуваме дека мора да правиме одредени работи, да заземеме одредени ставови, имаме одредени очекувања или мислења, едноставно затоа што сме родени жени.

Мора да бидеме слободни, убави од срце, како и секој човек, како и секоја личност.

извор:https://lamenteemeravigliosa.it/donna-sottomessa-devota-bella

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading