Не влегувајте во брак ако имате намера да го менувате партнерот ‘по свое’

Денес половина од браковите завршуваат со развод, но оние кои не се разведуваат не се нужно среќни. Многумина остануваат заедно, но се чувствуваат лошо во таа заедница. Пред да стапите во брак имајте ги следните работи во предвид.

1. Одбравте маж чиј што животен план се разликува од вашиот, но се надевате дека ќе се предомислите. Многу бракови се распаѓаат бидејќи така започнуваат. Можеби ќе сакате да му го промените мислењето за животните планови, децата, па дури и за бракот, но тоа е лоша идеја. Во најдобар случај ќе имате маж кој едноставно ќе се откаже и ќе се чувствува негативно кон вас. Во најлош случај, тој ќе замине.

2. Се мажиш за некој за кој се надеваш дека ќе го промениш. Не можете да ја промените личноста која сама тоа не го сака. Можете да се промените само себе.

3. Мажот го бирате по совет на родителите и пријателите. Погрешна одлука, бидејќи тие нема да го поминат животот со таа личност туку вие..

4. Ги игнорирате знаците на предупредување. Не бирате личност за една вечер, туку за цел живот или поголемиот дел од него, затоа не ги затворајте очите пред она што навистина ве загрижува.

5. Се мажите за некој кој не размислува за иднината. Постојат харизматични мажи со кои е забавно да се биде, но сепак не размислуваат како финансиски да се обезбедат или не размислуваат за создавање на семејство. Таквите луѓе обично не градат кариера и само ќе ви бидат терет во животот.

6. Се согласувате на брак само затоа што тоа сите го прават. Бракот не е обврска и нема рокови. Венчајте се само ако сакате и имате желба тоа да го направите.

7. Не ја слушате својата интуиција. Многу разведени жени признаваат дека во почеток претчувствувале дека бракот има мали шанси да успее, но сепак се омажиле. Вашата интуиција ве штити- слушајте ја.

8. Го Користите бракот како решение за проблемите во врската. Но, бракот не ги решава проблемите.

9. Не се мажите бидејќи сите имаат мани. Да, сите имаат мани, а ако го одбиете секој поради некоја ситница која не ви се допаѓа- засекогаш ќе останете сами.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading