Еден ден во твојот живот ќе се појави ново име, кое претходното ќе го претвори во прав

Оваа мудрост е напишана од Достоевски. Фридрих Ниче призна дека Достоевски е единствен автор- психолог, кој делумно бил и негов учител. Еве уште неколку убави мисли:

1. Да се живее треба за оние на кои си им потребен. Да се дружиш треба само со оние со кои си сигурен. Треба да се комуницира со оние кои ти се пријатни. И да се биде благодарен на оние кои те почитуваат.

2. И никој, никој не треба да знае што се случува помеѓу мажот и жената, бидејќи тие се сакаат. И без оглед на било каква расправија, ниту родената мајка не треба да ја бараат да им суди или да зборуваат едни за други. Тие самите себе си судат. Љубовта е Божја тајна и треба да се затвори од сите други очи, без оглед на тоа што се случило.

3. Не ги полнете своите чувства со навреда, бидејќи таму можеби едноставно нема да има место за прекрасни моменти.

4. Човекот наоѓа време за се’ што навистина сака.

5. Неверојатно е што еден зрак на светлина може да направи за душата на човекот.

6. Никогаш не му предизвикувај болка на човекот кој е подготвен се’ да направи за тебе.

7. Во животот е се’ привремено. Ако е се’ добро- уживај, нема да трае вечно. Ако е се’ лошо- не тагувај, тоа исто така не е засекогаш.

8. Работата е следна: ако си ладен, ќе ги повредиш луѓето. Ако си чувствителен, луѓето ќе те повредат тебе.

9. Постојат три работи од кои повеќето луѓе се плашат: да им веруваат на луѓето, да ја зборуваат вистината и да бидат свои.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading