Кога мажот ја игнорира жената, тој само ја учи како да живее без него

Се работи за митот ‘оној кој тешко се освојува’ – всушност што повеќе изгледа некоја личност далечна и незаинтересирана, тоа сме ние уште повеќе опседнати со неа. Многу мажи веруваат дека митот ‘се правам дека не ми е гајле за жената’ ќе ги доведе до резултатот кој го сакаат. Дека со игнорирање на жената, таа уште повеќе ќе трча по него. Дека таа ќе се вљуби во него и дури ќе стане опседната и ќе направи се’ за него. Некои мажи дури мислат дека ако кон некоја жена лошо се однесуваат, таа ќе понуди уште повеќе внимание и љубов.

Но, многу мажи забораваат на фактот дека овие манипулативни техники можат да ги користат само кај неискусни девојки, а никогаш кај вистински жени! Вистинската жена знае што сака. Таа е исполнета жена која нема време за играње игрици. Ако сте подготвени да бидете реални и зрели со неа, да ја сакате и да ја третирате на вистински начин, таа исто тоа ќе го направи за вас.

Од друга страна, ако забележи дека не сте искрени, дека играте игри со неа и не сте сериозни- таа ќе замине без да се сврти. Бидејќи знае дека ако навистина сакаш некој, не можеш едноставно да го игнорираш. Кога некој сакаш, на можеш да му ја ‘крадеш’ љубовта, бидејќи тоа е контрадикторно. Вистинската жена сака да биде сакана сето време, негувана и со внимание. Сака да биде сигурна дека ќе и’ се вратиш и дека може да смета на тебе секогаш.

Ако не и’ дадете она што треба, таа ќе ве напушти. Едноставно е така. Многу мажи исто така мислат дека во врската е најдобро на партнерот да не му ги откриваат своите вистински чувства. Забораваат дека основата на секоја успешна врска искреност. А вистинските жени ја почитуваат искреноста повеќе од било што. Знаат дека никогаш не можат да остварат вистинска присност со нечесен партнер. Сакаат нивниот партнер да биде искрено отворен и ранлив со неа. Сакаат да ја запознаат длабочината на неговата душа.

Значи, ако сакаат мажите да имаат вистинска жена покрај себе- исклучете го мобилниот кога сте со неа и фокусирајте се само на неа. Бидете грижливи и внимателни. И секогаш, секогаш кон неа однесувајте се со почит. Бидејќи жената го дуплира се’ она што и’ се дава, затоа не и’ ја скратувајте љубовта.

извор: psychologytoday.com

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading