Синдром на ‘сварена жаба’- дали предолго толерирате она што ви штети?

Понекогаш предолго ги толерираме штетните ситуации и луѓе, само затоа што го имаме премолченото уверување ‘ако нема друго решение, мора тоа да го толерирам’. И сигурно не можеме да го занемариме фактот дека многу од нас ја жртвуваат емоционалната благосостојба поради други работи. Исто така често се случува да не мора само да размислуваме за нашата сопствена благосостојба, туку дека постојат и други луѓе кои зависат од нас, што ни служи како ‘ оправдание’.

Покрај сето ова долго ја толерираме и ‘точката на пукање/кршење’, поради емоционалната зависност, деструктивен однос или можеби затоа што ни недостасува емоционална интелигенција за да знаеме што е нормално и што не е. Кога ќе дојде до ‘точка на пукање’ ќе биде доцна. Можеби трпите ситуации се’ додека не ‘прегорите’ а да не сте свесни за потребата да се спасите на време.

Синдром на сварена жаба. Ставете жаба во сад полн со вода и почнете да го загревате. Како температурата расте, жабата ја подесува телесната температура како одговор. Кога водата ќе дојде до точка на вриење, жабата повеќе не може да се прилагодува. Во тој момент таа одлучува да излезе. Се обидува да се ослободи со скок, но неспособна е за тоа, бидејќи ја истроши сета своја сила прилагодувајќи ја телесната температура. Многу бргу, жабата умира. Што ја уби жабата?

Многумина ќе речат зовриената вода. Но, вистина е дека она што ја уби жабата е нејзината неспособност да одлучи кога ќе скокне. Точно е дека сите мора да се прилагодуваме на луѓето и ситуациите, но мора да бидеме сигурни кога постои потреба да се прилагодиме, а кога треба да престанеме со прилагодување и да продолжиме понатаму. Постојат моменти кога треба да се соочиме со ситуацијата и да превземеме соодветни мерки. Ако им дозволиме на луѓето да не искористуваат физички, емоционално, финансиски, духовно или ментално, тие ќе продолжат тоа да го прават. Скокнете дури уште имате сила.

Што оваа метафора зборува за вас? Оваа метафора има многу импликации за различни ситуации во нашите животи: за нашите односи, работата, личноста, здравјето итн. Луѓето кои се вплеткани во однос кој не им носи добро, непрестано се прилагодуваат на желбите, мислењата или приговори на партнерот, за да не го ‘загрозат чамецот’ на кој пловат; тие веруваат дека се’ можат да истолерираат или дека немаат друга можност освен да толерираат.

Меѓутоа, успешно зборувајќи, предолго толерирање на работите на овој начин не води кон ништо освен до проблеми или ве носи до точка на кршење. Кога тоа најмалку го очекувате, ќе завршите во екстремни ситуации, повеќе нема да можете да толерирате и ќе мора да скокнете, да бегате или барем да осмислите план за бегство од таа ситиација или однос, но можеби ќе биде уште полоша. Понекогаш нашата способност да ги толерираме работите оди многу подалеку, а нашата сила и надеж согореваат на тој пат.

Запомнете дека оној кој предолго толерира нема да има доволно сила да се обиде да ја промени ситуацијата, бидејќи неговата сила е веќе потрошена на прилагодување на штетната ситуација.

извор: quora.com

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading