Да даде Господ да умрат сите стравови од болести, од глад, од недостаток на пари

И да умрат државите кои бараат пари за лечење на децата.

Да даде Господ да се испразнат чекалните во болниците, а улиците и парковите да се наполнат со насмеани луѓе.

Нека се затворат кредитните оделенија во банките, а заводот за вработување се претвори во место за разубавување.

Да даде Господ да останат без пријатели оние кои на своите пријатели им зборуваат зад грб или кои ги оставаат на цедило.

Нека во воздухот смрзната остане секоја рака која ќе тргне да удри некој послаб од себе.

Да даде Господ на светот да постојат само човечки права на кое има право секое човечко суштество, а не само оние со полови или некои други привилегии.

Да даде Господ достоинството да им биде вратено на работниците, а срамотата на неработниците. А не обратно.

Да даде Господ жените од 65+ да ги чуваат своите внуци или децата на соседите со многу љубов, а не за да го прехранат семејството, да ги чуваат внуците по кои не можат ни да трчат од умор и болест. А мора.

Да даде Господ шминката, децата, облеката да не биде мерка на женственост, а шарените чорапи мерка за машкост.

Проклет живот во кој умираат деца, а бебињата ги оставаат пред туѓи врати.

Проклети држави во кои полицијата не е заштита, здравството не е сигурност, а образовниот систем иднина.

Проклети плати за кои работиш 300 часови и исто толку евра добиваш.

Укинете ја површноста, злобата, зависта, љубомората, интерес за туѓ живот.

Воведете грижа за соседот, убави манири, читање книги и единствено плукање да биде она во далечина.

Или веќе еднаш нека дојде тој смак на светот.

Вака повеќе не оди.

Бранкица

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: