Многу жени прават големи грешки кога сакаат да го привлечат мажот и да го задржат. Тие грешки најчесто ги прават веднаш на почетокот на врската и со тоа, наместо да го привлечат мажот, тие го бркаат од себе.
- Често му пишувате. Кога на мажот му пишувате многу често и активно, тоа може да го нервира и тој лесно може да изгуби интерес за вас
- Поминувате премногу време со него. Во ред е да сакате да бидете со вашиот партнер на почетокот на врската, но пуштете го малку да дише. Тоа што сте во врска не значи дека сте врзани со папочна врвца.
- Зборувате лошо за другите жени. Со ова покажувате колку сте незрели. Тоа што зборувате лошо за другите жени е многу мизерно.
- Поттикнувате разговор за бившите партнери. Многу мажи воопшто не сакаат да слушнат за вашиот бивши, затоа не го спомнувајте воопшто.
- Премногу мрчите. Во ред е дека сакате да му угодите на својот маж, но треба да имате граница.
- Разговор за деца. Во ред е дека сакате да знаете какви му се плановите за иднината, но разговор за тоа е прерано и може да се уплашии.
- Премногу пиете. Можеби вие сакате да покажете дека сте опуштена и забавна личност, но мажот нема да сака да има ништо сериозно со жена која често многу пие.
- Премногу се трудите околу својот изглед. Мажите сакаат да видат кога жената е уредна и убаво средена, но не сакаат да се облечете како за излегување или некоја свечена прослава секој пат кога ќе излезете на кафе.
- Веднаш спиете со него. Верувајте ми, ниту еден маж нема да се навреди ако го одбиете на првиот состанок. Може само повеќе да ве почитува.
Leave a Reply