Со тебе само ја изгубив илузијата, а илузија ионака не ми треба

‘Како само го сакав’ – и’ реков на својата пријателка

‘Не го сакаше ти него, ти го сакаше некој друг, некој кој воопшто не постоеше’ – одговори тивко

Во право си.

Ја сакав твојата добра страна која никогаш не доминираше. Се изгуби под силата на лошата. Во тебе преовладуваше она што за жал ти си.

Сакав бидејќи ме сакаше, а всушност не ме сакаше. Сето тоа беше нездрава емоционална зависност. Не знаевме еден без друг, прво ти без мене, а потоа јас без тебе. Нездраво, во зрели години.

Сакав се’ она за кое зборуваше дека ќе биде, а ништо не беше, ти само обожаваше да зборуваш, а зборуваше ништо, бидејќи зад ниту еден збор не стоеше дело.

Сакав храбар човек. Беше тоа за кратко, гонет од страст и копнеж. Кога страста исчезна, исчезна и храброста и човечноста. Не беше вистинска. Ти ги подари некој за да видиш дали ќе ти одговараат: не ти се вклопија.

Сакав верност. Неа никогаш ја немаше.

Ја сакав сликата на човекот која ја создавав сама, која сакав да ја видам. Сликата исчезна. Оваа вистинска слика не личи ниту малку на онаа која ја сакав.

Сакав илузија и нешто што не си. Не те сакав тебе. Сакав она што посакував да имам. Ништо друго.

Не те изгубив тебе, бидејќи никогаш те немав. Да те имав и да те познавав, верувај ми, никогаш немаше да те сакам.

by Рита

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading