Не постојат ладни жени- постојат само жени кои се уморни од чекање на топлина од мажите

Многумина мислат дека жените се ладни и бесчувствителни кукли кои не ги интересира никој. Вистина е дека постојат ладни и бесчувствителни жени, но тие се само уморни да чекаат нежност и топлина од мажот. Ако сте една од овие жени тогаш сакам да ви кажам една работа. Престанете да чекате мажот да ви ја подари својата љубов. Подарете си себеси љубов која ја заслужувате.

Сакајте се себеси, разгалте се. Научете да се носите со своите емоции. Плачете кога ви се плаче и смејте се кога сте среќни. Не чекајте некој маж да обрне внимание на вас, бидејќи вистински маж ќе се појави тогаш кога ќе бидете подготвени.

Верувајте си себеси, верувајте во својата сила бидејќи само така ќе почувствувате вистинска среќа. Не се замарајте со својот изглед и не се трудете да бидете совршени однадвор. Да се биде совршен е невозможно. Затоа трудете се да работите на себе и својата духовна состојба бидејќи тоа е најважно и секој маж тоа ќе го цени.

Престанете да ги правите работите кои не ве прават среќни. Запомнете дека идеалниот партнер е оној кој ве прифаќа онакви какви што сте.

Идеален маж е оној кој ќе ги прифати сите ваши мани и несовршенства исто како што ги прифаќа сите ваши доблести, а таквиот маж можете да го освоите само ако бидете она што сте. Дури тогаш ќе бидете она што сакате и ќе можете да го привлечете мажот кој го посакувате.

Leave a Reply

Theme: Baskerville 2 by Anders Noren.

Up ↑

%d bloggers like this: