Женски особини кои можат да ги одбијат добрите мажи- не им треба воспитувачка

Постојат одредени типови на жени од кои добрите мажи обично бегаат….

1. Премногу женствена жена. Тоа е жена која ја меша женственоста и наивноста. На пример, таа жена е толку опседната, што себеси се претставува како женствена, а често ќе испадне наивна. На пример, таа се разбира во автомобили, таа знае да смени светилка. За неа се тоа машки работи кои треба да научи да ги прави. Некој и’ кажа дека мажите сакаат воодушевување и комплименти, па таа не престанува да го прави тоа, дури и без посебна причина. Се преправа дека ја интересира се’, дури и ако воопшто не ја интересира.

2. Претеран романтик. Овој тип на жена верува во голема љубов од романтичните филмови. Ако сретне таков маж, веднаш во главата се јавува мислата: ‘Тој е мојата судбина’. Ако неколку состаноци поминуваат добро, таа ќе почне да го испитува кога заедно ќе почнат да живеат и кога ќе се венчаат. Мажите тоа го доживуваат како предупредување и бегаат од тоа итно.

3. Госпоѓица незадоволна. Таа секогаш ќе бара негативност во се’. Секогаш ќе ги истакнува маните отколку доблестите. Тоа е едноставно начин на кој таа научи да живее. Никој нормален не сака таква личност покрај себе.

4. Жена жртва. Ако мажот ја навреди, таа ќе се стутка во некое ќоше и ќе го гледа со очи на тажно куче, додека пушта крокодилски солзи. Никогаш не ги брани своите интереси на вистински начин и светот го набљудува како свој голем непријател. Да се живее со личност која глуми жртва е најтешка работа. Постојано се чувствувате како да должите нешто и како нешто погрешивте. Жената жртва ве задолжува. Обидете се да ја исправите ситуацијата, но бидејќи таа никогаш нема да каже што сака и што ја навредува- тоа е невозможно.

5. Жена која сака на сите да им биде мајка. Ова е жена која се интересира исклучиво за детето и семејството. Од некоја причина не ја гледа разликата помеѓу децата и мажот. Кон мажот се однесува како кон дете. На мажите не им треба нова мајка, туку сопруга која ќе ги третира како маж.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading