Зошто некои мажи ги навредуваат жените, па ги обвинуваат дека се тие виновни за тоа?

Отворете ги очите и препознајте дали мажот се поигрува со вашиот ум, емоции и она што го чувствувате. Слаб и незрел маж нема да превземе одговорност за своите грешки. Тој се обидува да ве контролира. Тој се преправа дека сте вие виновни за се’. Разбира дека греши, но не сака да ја знаете вистината. Секој пат кога се обидувате да разговарате со него, тој прави иста работа: ве обвинува, дури и кога сте сигурни дека не сте виновни.

Но, тој е упорен. Тој не сака да се откаже, сака да има контрола над вас. Не сака да испадне како човек кој има мана, бидејќи е слаб и несреќен. Се’ повеќе ги анализирате минатите случувања, се обидувате да сфатите дека можеби навистина некаде сте згрешиле. Во главата ги мотате различните сценарија бидејќи не разбирате зошто сте осудени.

Ако си жена која се наоѓа во таква врска, знаеш колку тоа може да биде болно. Ја губите главата бидејќи тоа нема смисла. Вашата реалност не се поклопува со неговата и немате појма како е тоа можно вие постојано за се’ да сте виновни. Не разбирате што се случува.

Вистина е дека се игра со вашиот ум, се’ додека во потполност не ве збуни, за да има контрола над вашите мисли. Постојано се повредувате, а потоа ве обвинува за тоа. Ако дури и се обидете да му објасните дека тоа ве навредува, се’ е залудно. Тој многу добро знае кога ве повреди и не се грижи многу за тоа.

Многу често се игра со вашиот ум и успева во тоа, бидејќи претходно ве наведе да се сомневате во себе. Тој тоа го прави намерно, бидејќи сака да ве скрши толку за да повеќе не верувате во себе. Сака да го види вашето страдање, бидејќи знае дека само така ќе станете зависни од него.

Тогаш ќе има потполна контрола над вас. Тој е манипулатор и ако знаете дека нешто не е во ред, тешко дека ќе побегнете од него. Ќе ве вовлече во неговата мрежа и таму ќе ве држи и ќе се игра со вашите чувства. Ќе се преправа дека е невин, како да не направил ништо лошо.

Тој ќе ве обвинува вас. Како сами да сте виновни за расправија и кога не правите ништо лошо. Тој манипулира со вас, се обидува да ви ја уништи самодовербата и да ви го помати здравиот разум. А кога тоа ќе го постигне, ќе се смета себе за победник. Не му го дозволувајте тоа. Препознајте го ова однесување и бегајте што подалеку.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading