Никогаш не се правдај, затоа што сакаш

Љубовта не се објаснува. Таа се случува. Ќе те зграби одеднаш и ќе те протресе цел. Нема да сфатиш на почетокот што те снајде. Спојува неспоиво. Често ‘однадвор’ за многумина неразбирливо.

Не објаснувај ‘зошто’. Оној кој прашува, не може ниту да разбере. Најлошо е кога ќе дозволиш да те уверат дека се во право. Дека Љубовта треба да ја мериш. Споредуваш. Да гледаш кој заработува повеќе, кој има повеќе образование, кој е поубав, кој позгоден, на кој родителите повеќе ќе му помогнат, кој повеќе критизира.

Најлошо е кога ќе почнеш да се сомневаш, не поради себе, поради искуството, ‘шестото чуло’, вртењето на желудецот, туку поради другите.

Најлошо е кога во врската, ве има повеќе од двајца. Кога ќе прекинеш со некој бидејќи си слушал ‘совети’. Кога се каеш, бидејќи не го бранеше, оно во што со цело срце веруваш. Кога ќе дозволиш да ве оддалечат, разнишаат, да ве свртат еден против друг.

Добронамерните луѓе не се плекаат во туѓи избори. Во туѓи љубови. А ни во туѓи прекинувања. Никој од страна не може да знае, ниту да почувствува, она што знаете и чувствувате вие двајцата.

Вашата врска е ваша работа. Вашата љубов, не е нивна. Вашите расправии и мирења, не треба да бидат туѓи. Не треба да бидат нивни. Ничии, освен ваши.

Вашата врска ја живеете вие, не тие.

Живејте ја по ваши правила, онака како што вие мислите дека треба. Не губете време на објаснување. Љубовта не се објаснува. Таа се случува. И тогаш едноставно се живее.

Марина

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading