Бирајте партнер со чии мани можете да живеете

Често кога бираме партнер ги гледаме само неговите добри особини, занемарувајќи ги маните и недостатоците. Некои навики на почетокот на врската ги сметаме за неважни и мислиме дека со време ќе се променат, а вистина е дека тие навики ќе почнат почесто да не’ нервираат. Пред да ја започнете врската со некој, многу е важно да ги разгледате и неговите негативни особини и тоа дали сте подготвени да ги прифатите и да живеете со нив.

Стручњаците истакнуваат дека забележувањето на грешките и маните кај партнерот е паметен и продуктивен потез и тоа може да ни олесне многу работи во иднината. Вашиот партнер може да биде прекрасна личност, но исто може да биде недоверлив и нестабилен.

Многу е важно како ние реагираме на недостатоците на нашите партнери. 70% од проблемите кои се случуваат во врските немаат решение, а воглавно за нив се виновни лошите навики или маните кои партнерите ги имаат.

Ако ја насочите својата енергија на решавање на проблемите кои можат да се решат, ќе имате сила да се носите со некои работи кои не можете да ги промените. Многу е важно да знаеме да ги препознаеме работите кои можеме да ги занемариме и да ги игнорираме од оние кои се приоритетни за решавање и договарање.

Не смеете да игнорирате кога партнерот ве омаловажува, понижува и критикува или контролира. Ова се јасни знаци на манипулација, кои исто така, можат да водат до насилство. Разликите во начинот на живот, личноста или мислењата, значи дека е малку веројатно дека ќе се променат. Не е добра идеја да се троши времето во обид да се промени и поправи нешто што не може да се поправи. Затоа има смисла да се бира партнер чии негативни особини нема да ни сметаат.

Тие на почеток можат по малку да ве нервираат и да бидат досадни, но ако не влијаат на вашиот квалитет на врска и живот , можат да бидат подносливи.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading