Ти благодарам, сега знам за каква љубов имам време

Лошите претходни искуства и незрели врски ми потрошија многу време од животот, а посебно сознанието дека во нив бев незадоволна и дека често затворав очи, а не требаше.

Важно е да бидам свесна дека сега сум зрела жена и кои се моите сегашни потреби и желби. Самото постоење на одговорност, обврските која животот секојдневно ги наметнува зборува дека сум подготвена да изградам иднина каква што посакувам.

Зошто себеси да си посакувам помалку од тоа? Сега можам да кажам што се моите вистински желби и начинот на живот кој посакувам да го живеам. Флерт, забава и дружење, се’ е тоа во ред, но јас сакам повеќе. Сакам личност со која пред се можам отворено да разговарам, да го поделам своето мислење, стравови и желби без воздржување.

Со својот партнер сакам да разговарам за се’, да можам да му кажам се’. Ако има одредена кочница и не можам да се ослободам во комуникацијата, не се пронаоѓам повеќе. Важна ми е поддршката, довербата, тоа е нешто што навистина е потребно во складен однос.

Кога заедно се смееме и плачеме, но и поддржуваме, тогаш е се’ полесно. Најважно е да имам некој во најтешките моменти. Да се има партнер кој е мој вистински избор во кој препознавам се’ она што е потребно за остварување на иднината по моја мерка.

Многумина веруваат дека денес е тешко да се пронајде складна врска која ќе ни донесе токму се’ она што вистински ни треба и посакуваме. Важно е да осознаеме што е склад и во што не сакаме да функционираме. Јасно да ги поставиме своите приоритети и да ги поставиме своите планови за иднината. Сепак, кога и ние сме свесни за себе и своите грешки, искуства и уверувања полесно ќе се препуштиме и ќе знаеме кој е за нас вистинскиот избор.

Сашка

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading