Не одете кај оние кои не ве сакаат

Ако одите на станицата на душманите- ‘ќе се споите со нив’, така велат луѓето. Ќе му ја дадете својата енергија на лоша личност, а за возврат ќе добиете анксиозност и загриженост. И ќе изгубите енергија.

Непријателот ќе живее добро, а вие ќе живеете лошо. Добро е за вас ако непријателот подмукло ве шпионира. Тој ќе ви ја даде својата сила преку внимание. И по некое време ќе почувствува слом, ќе се разболи и ќе ги изгуби бенефициите.

Најдобро е да ја посетите станицата на пријателите. И да им посветите внимание. И да се радувате на нивниот успех. И да се насмеете на нивните шеги. И да им пишете љубезни коментари. Ова е голема и лековита активност. Наскоро ќе се чувствувате полни со енергија. И пријателот ќе се чувствува добро.

И не треба да одите кај нељубезните луѓе кои ве мразат. И нема потреба да учите за нивниот живот. За нивните работи не треба ниту да прашувате- како да не постои. Мора тоа да го заборавите.

Ова правило секогаш функционира. Остани со оние кои те сакаат. И не одете кај оние кои не ве сакаат. И со време, се’ ќе дојде на свое место.

Ана Кирјанова

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading