Не зборувајте :’Не можам’. Тоа не’ ослабува и ни ја одзема моќта

Зборовите кои ги употребуваме влијаат на нашиот секојдневен живот, не само како клучно средство за комуникација, туку како градежен елемент на нашиот ментален склоп, што влијае на резултатите кои ги постигнуваме на нашата мотивација и охрабрувањето.

Кога ќе станеме свесни за тоа, јасно ни е како освестувањето на зборовите кои ги употребува нашиот внатрешен глас е еднакво важно, како и внимателниот избор на зборови, во комуникацијата со други луѓе.

Не зборувајте :’Не можам’. Тоа не’ ослабува и ни ја одзема моќта. Кога ќе пораснеме, почнуваме сами себе да се ставаме во кутија и веруваме дека тоа е нашата реалност, иако, она што сме во состојба да направиме е поголемо и пошироко во размер, отколку што можеме да замислиме.

Кога ќе кажете:’ Не можам’, му давате моќ на своите ограничувања, а не на своите можности. Наместо тоа кажете: ‘Моментално не сум подготвена’…. – значи, отворате нова можност, работите на тоа, еден ден да успеете да го надминете тоа ‘не можам’.

Не велете: ‘Посакувам’. Нема магија, со која ќе ја остварите желбата. Нашите соништа бараат сериозна работа, планирање и потпора. Можете да имате некоја желба, но морате да престанете да посакувате и да почнете да работите на тоа да ја остварите.

Наместо тоа кажете: ‘Сакам’. Само напред, кажете го тоа гласно и јасно, изразувајќи се активно. Речениците кои почнуваат со ‘посакувам’ звучат пасивно и по малку неинспиративно, додека оние започнати со ‘Сакам’ искажуваат страствена посветеност и цел.

Не велете: ‘Но…’ тоа ја намалува било која изјава од порано и се ‘спуштате’ сами те себе. Ќе направите нешто ‘но’…и обично следи изговор. И тоа со аргументи.

Луѓето нудат решенија за она што не’ загружува, а кога не сакаме да слушаме или нешто да промениме, одговараме со ‘но’ како ‘оправдување’ зошто тоа нема да функционира. Тоа е јазикот кој ја одзема моќта. Кога ‘но’ го замените со ‘и’ и ‘секако’, во својот ум и со одговорите создавате отвореност.

Пожелно е и да ги користите и овие 3 збора. ‘Бирам’ – кога го заменувате зборот ‘морам’ и ‘требам’ (нешто да направам) и ќе забележите како веднаш ќе ви ја подигнат енергијата. Со тој израз свесните одлуки ги заменувате, на пример, ‘ морам да работам до касно’, што создава чувство на притисок, или пак во негација, ‘не можам’ или ‘ не сакам’ – за разлика од тоа ‘бирам’ кое искажува одлука и одговорност нешто да се направи.

‘Знам’- ако нешто знаете, кажете го тоа! Самоуверените луѓе не се плашат да речат ‘знам’, додека остатокот од луѓето се крие позади ‘мислам’ и ‘можеби’. Исто така, бидете доволно самоуверени да признаете како нешто не знаете или мора да проучите.

‘Благодарам’- кога искажувате благодарност, нека биде искрено и јасно одредено за што сте благодарни. Изразувањето на благодарност важно е и на оној, кој зборува и оној кој слуша. Оној кој зборува, со тоа ја освестува работата и улогата на луѓето околу себе, додека оној, кој ја прима благодарноста, се чувствува дека е почитуван.

извор: Sensa hr

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading