Душата страда, кога ќе ја натераме да живее површно

Колумна на Паоло Коељо

‘На самиот почеток на животот, а и тогаш кога ќе влеземе во староста, неопходни ни се помош и љубов од другите луѓе. За жал, помеѓу тие два периоди, додека сме силни и способни да се грижиме за себе, не вреднуваме доволно ниту љубов, ниту сочувство. А како нашиот живот почнува и завршува со потреба од љубов, зар нема да биде подобро и ние да им ја дадеме на другите, во време кога сме силни и способни за тоа!’

Ова се зборови кои ги изговори Далај Лама. Навистина е необично колку се гордееме со својата емоционална независност. Очигледно, работите не се баш такви. Имено и понатаму ни се потребни другите луѓе, поточно цел живот, но срам ни е тоа да го покажеме и повеќе сакаме да плачеме во тајност. А кога некој ќе не’ замоли за помош, таа личност ја сметаме за слаба и неспособна да ги контролира чувствата.

Постои непишано правило дека ‘светот е создаден за посилните’ и дека ‘најјаките опстојуваат’. Кога тоа би било вистина, човечкиот род не би постоел, бидејќи на нашата врста и’ е потребна заштита подолго време. Живееме во свет во кој зависиме и вечно ќе бидеме такви – вечно да бидеме зависни од други. Од својата жена, пријател, претпоставен. Зависни дури и од своите непријатели, кои ни помагаат секогаш да бидме во тренинг и подготвени да го употребиме својот мач.

Очигледно има моменти кога овој пламен ќе се сврти во друг правец, но секогаш се прашувам: каде се другите? Дали јас премногу сум изолиран? Како и секој здрав човек, потребни ми се осаменост и моменти на рефлексија. Но, од тоа не можам да станам зависен.

Емоционалната независност не води апсолутно никаде, освен во тврдина, каде што единствена и бесмислена цел е да се имресионираат другите.

Емоционалната зависност е, наспроти тоа, како логорски оган кои сами го потпалуваме. На почеток, врските се тешки. Така е и со огнот- поради него мораме да издржиме непријатен чад- тешко дишеме, солзи ни течат по лицето. Меѓутоа, кога еднаш огнот ќе се разгори, чад нема, а пламените осветлуваат се’ околу нас- носат топлина, мир, а можеби и понекоја искра да излета и да не’ изгори, но тоа ја прави врската интересна, зарем не?

Ја почнав колумната, цитирајќи го добитникот на Нобеловата награда и неговата изјава за важноста на човечките односи. Ќе завршам со цитатот на професорот Алберт Швајцер, лекар и мисионер кој исто така е добитник на Нобеловата награда и тоа 1952 г.

‘Сите слушнавме за оболувањето во Централна Африка која се нарекува спиечка болест. Она што треба да знаеме е, дека постои слично заболување кое ја напаѓа душата, а кое е многу опасно, бидејќи не’ фаќа неприметно. А кога ќе забележите и најмал знак на равнодушност или недостаток на волја, да им помогнете на сличните на вас, бидете внимателни! Единствен начин на превентива за оваа болест е да сфатите, дека и душата страда и тоа многу, кога ќе ја натераме да живее површно. Душата ги сака работите, кои се убави и длабоки.’

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading