Ќе сфатите кога вашиот партнер ќе престане да ве сака

‘Ми рече дека ме сакаш, но моето срце повеќе не ти веруваше. По тоа лето полека се иселив и никогаш повеќе не го видов. Никогаш повеќе’.

Ако во некој момент од својот живот сте доживеале нешто слично, лесно ќе сфатите кога партнерот ќе престане да ве сака..Не се борете: никој не може да биде приморан да биде сакан. Плачете, пуштете го својот бес, но тогаш полека одете си, простете. Луѓето и предметите кои ги сакате и понатаму се тука; малку по малку, сликите ќе исчезнат, заедно со вашите солзи.

Кога некој не ве сака, вие тоа го чувствувате, па дури и ако тоа чувство на одбивање го закопате под илјада изговори и оправдувања, порано или подоцна ќе испливаат на површина. Не се противете: пуштете го надвор, пуштете го да оди што побрзо и да продолжи вашиот живот. Кога партнерот повеќе не ве сака, дури и ако не ви каже, ќе сфатите сами.

1. Вашиот партнер ќе ви каже дека вашите сомнежи не се вистина и дека и понатаму ве сака. Се ќе негира, јасно ќе каже дека ве сака, но неговите зборови ќе бидат противречни на неговите постапки. Фокусирајте се на она што прави, а не на она што зборува. Луѓето со своето однесување ги откриваат приказните кои се обидуваат да ги скријат.

2. Бидете реални. Погледнете ја својата врска. Како се чувствувате? Ако се чувствувате лошо, нешто не е во ред. Можеби за тоа разговаравте илјада пати, но нешто сеуште постои; во овој случај мора да ја видите стварноста онаква каква што е. Тешко е, но мора да бидете објективни. Не дозволувајте залажувањето да управува со вашите моменти. Бидете искрени кон себе и отворете ги очите, набљудувајте ја стварноста која ве опкружува.

3. Не сака да го поминува времето со вас. Ако вашиот партнер не се труди да го поминува времето со вас, тогаш не ве сака. Генерално, дури и ако имаме многу обврски и многу работа, треба да пронајдеме момент кој ќе го поминеме со својата подобра половина, барем да и’ кажеме дека мислиме на неа.

4. Не ви верува. Кога сте пар, недовербата и љубомората произлегуваат воглавно од несогласувања. Меѓутоа, кога недовербата ќе потрае и покрај тоа што веќе било јасно речено, тоа значи дека љубовта е намалена или дури е исчезна.

5. Не помага кога ви треба помош. Не смееме да создадеме ситуација на нужност која не постои само за да се привлече внимание. Меѓутоа, ако постои вистинска потреба за помош, а вашиот партнер не се погрижи за неа, би било добро да ги анализирате фактите, да разберете што се случува и да бидете многу искрени. Каква корист од некој на кој не можеш да сметаш кога ти треба?

6. Не ја покажува својата наклоност кон вас. Ако гушкања, бакнежи, галења веќе подолго нема, тогаш вашиот партнер повеќе не ве сака. Почетната страст има ограничено траење, вистина, но по оваа прва фаза на манифестација на наклоност продолжува. Веројатно е помирна, но и понатаму е тука.

извор: https://lamenteemeravigliosa.it/vostro-partner-non-vi-amera-piu-lo-saprete-anche-non-ve-lo-dice

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading