Што жената треба да знае за да привлече достоен маж во својот живот

Љубовта не доаѓа кога ни е потребна или кога ние сакаме, туку кога е вистинско време за неа.

Ако почнеме да зависиме од некоја личност, ќе страдаме. Ако другите почнат да зависат од нас, исто ќе страдаме. Важно е да пронајдеме личност со која ќе се надополнуваме, а некако без која нема да можеме. На жената му треба достоен маж, а овие смерници ќе и’ помогнат да ги пронајде.

1. Жената не треба да го осудува мажот ако на него забележи недостатоци и несовршености. Осудата го затвора срцето на човекот.

2. Ако жената го растури семејството, нејзината карма може во иднина да и’ врати со иста мера. Толку мажи има на земјата, потрудете се да го најдете својот пар, а не туѓ.

3. Жената не треба да го заведува мажот со облека и шминка. Тоа е минлива привлечност.

4. Ако мажот бира жена за цел живот, тогаш прво на што гледа е колку е скромна. Исто така гледа колку е срамежлива, колку интелектуално може да подржи разговор за важни теми и слично. Мажите сакаат интелигентни жени кои знаат да водат интересни разговори, кои знаат да сакаат, да се грижат и сочувствуваат. Ги сакаат жените кои знаат да градат односи и кои имаат заеднички цели со него.

5. Понекогаш мора да чекате. Ако сеуште не сте го пронашле својот маж, тоа не значи дека треба да се согласите на некој кој ви е втор избор. Среќата ги пронаоѓа трпеливите.

6. Не се плашете да бидете сами. Стравот многу бргу ги затвора сите можности за иднината бидејќи поради него се сложувате на недоволно добри работи.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading