Сезона на Стрелците: Што ги очекува хороскопските знаци?

Овен

Ретроградната Венера ви дава можност да го истражите вашиот професионален свет. Сонцето влегува во Стрелец овој период, а тоа значи дека ќе бидете насочени кон професионалните планови. Ова е одличен период да размислите за вашите цели и иднината. Овој процес не е најпријатен, но ви носи увид во нови хоризонти во вашиот живот.

Заокружете го 28 ноември како важна дата бидејќи тогаш настапува конјункцијата на Сонцето и Меркур која ви носи откривање на некои важни детали. Кариерата добива ново значење за вас. Последната еклипса во Стрелец на 3 и 4 декември ве насочува во потрага кон мудроста. Ќе се чувствувате како да креирате нова животна патека, но ќе чувствувате и несигурност во однос на мистериите кои ги носи животот. Затоа, верувајте и на интуицијата и своите соништа и подгответе се за нешто ново.

Бик

Како што Сонцето се движи во Стрелец, ќе чувствувате позитивна енергија која ќе ви помогне да ги видите работите многу појасно. На 23 ноември, Меркур  ви носи сила да се изборите со токсичноста во вашиот живот, па дури и со најлошите луѓе околу вас. Сезоната на Стрелците ќе ви донесе среќни моменти, но и мигови кога ќе ја почувствувате реалноста вистински овој месец. Ќе споделувате ресурси, ќе соработувате со другите и тоа ќе ви донесе одлична енергија која чисти и освежува.

Запаметете дека долгот кон другите или пак кон вас (емотивен или материјален) не е вечен. 

Близнаци

Со влезот на Сонцето во Стрелец ви доаѓа топлина во вашите меѓучовечки односи. Во текот на следниот месец ќе бидете инспирирани од луѓето околу вас и ентузијазмот ќе ви биде насочен кон соработката. Ова е период кога ќе размислувате за заедничките ресурси, ќе имате длабоки прашања за поврзување со другите и ќе бидете фокусирани на интимноста.

Сонцето во Стрелец ќе ве потсети колку е важно да се биде близок со другите, како да постигнете раст во таа област и ќе ви донесе убаво чувство. 

За време на еклипсата на 3 и 4 декември можно е да добиете желба да се навратите на некои пријателства  односи од минатото, но ова е период на чистење на полиците од минатото. 

Сонцето прави квадрат со Нептун на 12 декември и ви носи можност длабоко и духовно да погледнете кон себеси. Потсетете се што ви е потребно за да бидете среќни, го заслужувате тоа.

Рак

Кога Сонцето влегува во Стрелец, добивате можност да им помогнете на телото и душата. Исчистете го работниот простор, исфрлете ги работите од домот кои не ви се потребни и посветете се на здрави навики.

Дури и ако немате таков пристап кон себеси во овој момент, овој период ќе ве инспирира да промените нешто. Како дете на Месечината, ова ќе ви донесе значајна промена.

На 28 ноември можно е да добиете визија да се вложите во нешто што ви значи. Ако нешто излезе од контрола, не ги обвинувајте другите, туку погледнете кон себеси и посветете се на анализа. 

Со еклипсата во Стрелец на 3 декември, изберете го она што ве прави среќни, но и дозволете им на работите да се одвиваат по својот тек. Ова е одличен ден за медитација и време поминато со себеси.

Лав

Оваа сезона ви носи блескави моменти кои ќе ве инспирираат да бидете свои и да си поставите цели кои ќе ви годат. Ова е и период на задоволства, па посветете се на сите оние мали моменти кои можат да ви донесат среќа. 

За жал, во текот на изминатите 18 месеци ви се случуваа нешта и среќававте луѓе кои правеа да се чувствувате како да го губите својот сјај, но со финалната еклипса во Стрелец, време е да си го вратите сјајот. 

Во астрологијата, задоволството е поврзано со креирање, па така за време на еклипсата ќе си дозволите да бидете креативни и да создавате нови нешта. Најдете инспирација и посветете се на нешто што ви значи.

Девица

Како што Сонцето влегува во Стрелец, ќе се чувствувате пријатно во домот и како да сте секогаш во најдоброто друштво. Полека ни доаѓа и празничната сезона, па тоа ќе ви донесе дополнително чувство на задоволство. 

На 28 ноември и конјункцијата на Сонцето и Меркур ќе бидете посветени на семејните традиции. Ќе уживате во празнични песни, уметност и рецепти. Ова е одличен период за вас кој ќе ви донесе убаво чувство на топлина и среќа.

На 3 декември ни доаѓа последната еклипса во Стрелец и тоа е транзит кој ви дозволува да кажете не на сето она што не ви носи спокој и среќно чувство.

Вага

Сонцето во Стрелец ви носи забава во вашиот живот, а главниот фокус е на комуникацијата. Ќе бидете насочени на интелектуалниот капацитет кој го поседувате и ќе уживате во добра дебата. Но, бидете внимателни околу еклипсата на 3 декември –  тогаш е важно умно да ги избирате своите битки.

На 28 ноември, некои мали промени во вашите навики можат да ви донесат значајни животни промени. 

Шкорпија

Сезоната на Шкорпиите го насочува вашето внимание кон она што ви ја грее душата. Направете си листа на работи кои ве прават среќни и нешта што ви помага да се смирите по долгиот напорен ден. 

На 3 декември околу полната Месечина ќе бидете повикани да се ослободите од она до што се држите цврсто. Ова е ваша техника на која треба да поработите, а верувајте си себеси дека умеете да го постигнете тоа.

Ова е период за трансформација за вас, верувајте му на процесот бидејќи ја имате поддршката од планетите.

Стрелец

Ова е ваша сезона и ваш период да блеснете. Досега бевте како на авто-пилот, а со периодот на владеење на вашиот знак време е да го смените тоа.

Еклипсата во вашиот знак ќе ви биде тешка бидејќи ќе бара од вас да направите некои промени кај себеси во однос на нештата кои не функционираат најдобро. Ќе бидете ранливи и склони кон конфликти, па затоа бидете внимателни, но и свесни дека ова е ваш личен процес.

На 28 ноември, кога Меркур прави конјункција со Сонцето, добивате силна инспирација да се забавувате и да се поврзете со другите. Ова е еден нов пат за вас во кој ќе уживате. Последната ориентација на 3 декември ви дава можност за ориентација и збогување со оние работи кои не ви служат повеќе. 

Јарец

Со влегувањето на Сонцето во Стрелец, време е да се одморите. Најдете време за добра книга и време поминато самите со себе. На 28 ноември, со конјункцијата на Сонцето и Меркур направете место за рефлексија и дајте си можност да дојдете до значајни увиди. Во изминатите 18 месеци многу важни работи се случија во вашиот личен живот, а сега добриот одмор ќе ви донесе верба и оптимизам. Запаметете дека добро одморениот Јарец и среќна личност.

На 3 декември доаѓа последната еклипса во Стрелец која ви дава можност да ги оставите грижите зад себе.

Водолија

Сонцето влезе во авантуристичкиот Стрелец и ви ја носи магијата на празниците. Можеби ќе уживате во празничните песни и тајни подароци со колегите, но ќе бидете ориентирани и кон домот и луѓето кои ви носат топлина во срцето. Сонцето ја осветлува вашата куќа на поврзувања со другите и ви носи можност да ги преиспитате изминатите 18 месеци. 

На 28 ноември ни пристигнува конјункцијата на Меркур со Стрелец што ги раздвижува разговорите со пријателите а тоа ќе ви открие нови нешта. Отворете се кон другите, покажете им кои сте и посветете се на градење цврсти односи.

Декември ја носи последната еклипса на 3 декември, а тоа е транзит кој бара одмор и пауза од сите обврски. Прифатете го предизвикот!

Риби

Сонцето блеснува во Стрелец а вашите мисли и амбиции се на прво место. Во текот на изминатите 18 месеци можно е да бевте насочени кон нови професионални патишта, а ова е период кој може да ви донесе и ново вработување.

Верувајте во насоката која универзумот ја одредува за вас и препуштете се на несигурноста. Дозволете си да се менувате. 

Еклипсата на 3 декември ви носи можност да видите до каде сте стигнале. Посветете се на тоа. 

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading