Какви партнери им одговараат на Лавовите?

Тие се горди, силни, понекогаш знаат да бидат и арогантни.

Тие се Лавови, моќни знаци кои не е така лесно да ги задоволите.

Како си одговараат со другите хороскопски знаци? Ѕвездите знаат најдобро.

Лав & Лав
Ова е многу силна врска, богата со страст и романтика, огнена врска земајќи го предвид фактот што Лавовите се огнени знаци.
Знаат да бидат арогантни, високо ја издигнуваат својата гордост, понекогаш го покажуваат своето его и знаат да бидат себични, па може да замислите како ќе изгледа врска на две горди личности кои влечат кон своите интереси. Ова е добра комбинација, доколку партнерите успеат да ги надминат ароганцијата, гордоста и егото.

Лав & Овен
Оваа љубовна комбинација може да прерасне во вистински натпревар (а никако не сакате врската да се состои од натпреварување). И двата знаци се многу силни и доминантни, па врската ќе биде динамична. Овенот може да има потешкотии со постојаното флертување на Лавот (Лавовите се познати по нивната желба за флерт, па дури и кога се во врска).
Сепак, ако има љубов и разбирање, ова може да биде доста добра комбинација.

Лав & Бик
Една од најдобрите комбинации. И двата знаци сакаат љубов, привлечност и внимание. Знаат точно кога и како да се изборат со егото на партнерот, не очекуваат врската постојано да биде без проблеми и го прифаќаат партнерот токму таков каков што е.
Проблемите доаѓаат од тврдоглавоста која како особина ја поседуваат и двата знаци.

Лав & Близнаци
Уште една супер љубовна комбинација. Овие два знаци одлично се разбираат меѓусебно и може да изградат прекрасна врска. Ова е комбинација која гарантира љубов и страст. Лавовите понекогаш може да се чувствуваат навредени и нивната гордост да биде повредена поради остриот јазик на Близнаците, но ова се само мали препреки на патот до љубовта.

Лав & Рак
Одлична комбинација. И двата знаци се лојални и исклучително креативни. Имаат весел и позитивен став кон животот, па може да уживаат заедно. Ракот понекогаш е премногу повлечен, а Лавот пак отворен, па треба да најдат рамнотежа помеѓу овие спротивни карактеристики.

Лав & Девица
Интересна љубовна комбинација. Лавот добива голем поттик за истакнување на своето его, а Девицата добива многу внимание од Лавот. Потребно е да се биде внимателен љубовник во оваа врска, но доколку се потрудат, партнерите може да создадат темели за навистина долгорочна меѓусебна посветеност.

Лав & Вага
И двата знаци се многу паметни и страствени и токму такви особини бараат и кај партнерот. Оваа комбинација е исклучително романтична, полна со привлечност и сексуалност.
Но, и двата знаци се екстремно драматични и екстравагантни, што секако ќе донесе одредени проблеми кои можеби нема да ѝ наштетат на врската, туку ќе ја направат уште поинтересна.

Лав & Шкорпија
Оваа комбинација може да биде навистина тешка. Во врската ќе има многу интензитет и страст, но станува збор за огнен и воден знак, тотално спротивни души кои тешко ќе се усогласат. Оваа комбинација е вистински предизвик и честопати врската може да биде пропратена со драматични сцени за кои ќе треба време и напор за да се надминат.

Лав & Стрелец
Најдобрата љубовна комбинација, барем според она што го кажуваат ѕвездите. Оваа врска ќе се темели на почит и восхитување, ќе има многу искри кои постојано ќе ја засилуваат љубовта.  И двата знаци се навистина шармантни, харизматични и имаат посебна енергија.

Лав & Јарец
Одлична комбинација. И двата знаци се лојални и имаат високи цели во животот. Имаат одлична смисла за хумор и може да изградат прекрасна врска.
Проблем настанува кога ќе почнат да изигруваат шефови во врската. И двата знаци сакаат да доминираат, но ни Лавот ни Јарецот не сакаат некој да ги контролира и да ја има улогата на шеф. Сепак, кога љубовта е силна, нема пречка која не може да се надмине.

Лав & Водолија
Врска полна со авантуризам, искреност и покажување на вистинското лице на двата партнери.
Негативна страна на врската? Гордоста и тврдоглавоста кои и двата знаци ги поседуваат може да доведе до проблеми со комуникацијата.

Лав & Риби
Спротивни знаци, но комбинација која може да успее. Рибите се повлечени и прилично емотивни, Лавовите се доминантни, врската наликува на комбинација од фантазија наспроти реалност, но навистина може да успее.  

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading