Не те сака, само му се допаѓа како се чувствува покрај тебе

Понекогаш во животот влегуваат луѓе кои ќе не’ направат да се чувствуваме убаво, а понекогаш тоа се луѓе кои ќе не’ повредат.Многу често не’ повредуваат несвесно со своето однесување и уште пострашно, сметаат дека не ни прават ништо лошо.

Дури откако ме остави и повреди, сфатив дека воопшто не ме сакаше всушност. Само си го сакаше начинот на кој се чувствуваше покрај мене, а не мене.

Не ти бев добра. Тебе ти беше убаво што ти угодував и те држев како капка вода на дланка, а ти не се потруди ништо за и јас така да се чувствувам. Кога ти досадив, само ми го сврти грбот и си замина, без објаснувања. Љубовта бара рамнотежа, а во нашата врска ја немаше. Додека јас ти давав се’, од тебе не добивав ништо. Оној кој искрено сака, секогаш ќе најде време, ќе ги прифати сите твои мани и доблести и гледа добро во тебе. Личноста која те сака, те подржува и ти помага да бидеш подобра личност.

Оној кој те сака ќе направи се’ да бидеш среќен, да се чувствуваш сигурно и задоволно. Јас ништо од тоа не добив бидејќи не ме сакаше. Ти само го сакаше чувството да си сакан.

Се надевам дека еден ден ќе се појави некој со кој ќе се чувствувам исто како што ти се чувствуваше со мене. Ќе ме сака како што заслужувам. Ќе се појави некој кој ќе ми возврати на мојата љубов која никогаш не ја добивав од тебе.

Ќе се чувствувам сакано.

Меги

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading