Секоја средба се случува со причина

Понекогаш запознаваме луѓе со кои чувствуваме поврзаност уште на првата средба и имаме чувство дека ги познаваме цел живот. Тоа може да не’ наведе да се запрашаме дали нашите средби се случајни или однапред се одредени и дали сите средби во нашиот живот се случуваат со причина?

Кармичкита врска е однос со некоја личност со која веќе сме се сретнале, можеби во минатиот живот, а сега таа личност повторно се појавила во нашиот живот.

Средбата со таа личност значи дека имаме некои недовршени работи или постои некоја лекција која таа личност треба да не’ научи. Ако сте подготвени да учите и не се обидувате да ја контролирате другата личност, тогаш можете да очекувате излекување.

Кармичките односи можат да се набљудуваат како некој вид на создавање на две души, но тие односи често не траат долго, бидејќи ни е пратена само да не’ научи нешто. Кармичката врска не мора нужно да биде со својот љубовен партнер. Кармичката врска можеме да ја имаме со било кој, како со нашите деца, родителите, пријателите, така и со љубовните партнери.

Кармичката врска може да направи да се чувствувате фрустрирано, но во исто време може да биде прекрасна, па во вас можат да предизвикаат голем низ на емоции. Таквите врски често се полни со подеми и падови и можат бргу да завршат.

Кармичките врски многу лесно можат во исто врме да бидат и најдобра и најлоша врска која сте ја имале. Кармичката врска во вас може да разбуди бројни стравови и трауми од минатото со кои понекогаш ни е тешко да се носиме.

Тоа не’ наведува да се запрашаме дали е можно да се прекине кармичкиот однос? Да се научи лекцијата е често најтешката работа која кармичката врска ја носи со себе. Кармичката врска може да заврши бргу, но може да трае и многу долго се’ до моментот додека не’ научиме онаа лекција која ни треба.

Мора да научиме да ги видиме своите грешки и да го поправиме она што треба да се поправи. Дури кога тоа ќе успееме, можеби ќе имаме шанса за нов живот и да се фатиме во костец со животот.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading