Втората секогаш знае дека е втора. Првата секогаш мисли дека е прва

Си беше еднаш една жена која намерно, свесно и со цел одбра да биде втора.

Таа познатата втора.

Бидејќи во животот научи дека онаа која е прва- секогаш е жирант за кредит, пушта машини со валкани алишта, ги воспитува децата, готви и оди таму каде што не и’ се оди, мисли дека мора она што не мора, се изложува на погледи и проценки, позира на фејс кога е на годишен одмор, очекува подарок за роденден, за денот на вљубените, 8 март, годишнина, купува подароци за родендени и годишнини.

Сето тоа втората – не мора. И не треба. И не го прави тоа. И не го очекува тоа. Втората само ужива кога ќе посака. Без подготовки, сликања, изложување на погледи. Не бара многу, не сака често и долго. Втората на никој ништо не му гарантира. Втората само дава време и уште некои ситници кои значат задоволство. Истото тоа и го зема. Ниту помалку, ниту повеќе. Втората не прашува. Втората не бара одговори. И не одговара. Не ја интересира каде е, со кој, зошто. И зошто не е. Втората се гледа себе и како себеси да си удоволи.

Втората никого не загрозува, не се меша, не ја интересираат туѓи животи. Туѓи избори. И туѓи маки, бидејќи направиле такви избори. Не е втората психијатар, па да ги слуша туѓите глупости. Втората е тајна. За втората знаат ѕидовите и чаршафите. Нејзини и хотелски.

Втората не е запишана во телефон. Бидејќи не сака да биде во ризик заради првата. Првата знае да биде опасна ако ја открие втората. Често втората е подолго во неговиот живот од првата, што само по себе не мора да значи ништо. Втората не се надева, не живее во илузии, не мечтае. Втората живее поопуштено од него. Бидејќи втората не лаже никој.

Пардон, втората не молчи пред никој. Таа не се расправа, бидејќи нема околу што. Нема причина. Не мора да ги состави коцките за да се забавува. На втората и’ е полесно отколку нему.

Втората не се грижи затоа што не е прва. Втората нема да направи ништо за да првата дознае за неа. И ако се случи, само е Тој виновен.

Втората нема никогаш да биде прва. Ниту нему, ниту на било кој. Бидејќи тоа не го сака. Знае дека не мора. Поинтересно и’ е да не биде прва.

Втората секогаш знае дека е втора. Првата секогаш мисли дека е прва.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading