Саканиот човек може и да си замине од вас, но вашата судбина нема да си оди

Вистинската љубов може да го положи тестот и кога ќе го пуштите саканиот човекот, без да го притискате, да не трошите енергија, да не манипулирате. Само да се остави човекот во мир.

Што значи да се пушти љубовта? Дали е тоа можно ако сакате некој човек и сте поминале многу време во заеднички живот? Ако тој човек со години ве прави среќна? Ако за него е важно да биде среќен, но не на начинот на кој ние ги сфаќаме работите, туку како што тој сака и разбира, нека биде така. Треба само да се биде благодарен за се’ она што до тогаш направи за вас. Среќна жена.

Вистинската љубов знае да прости. Ако сликата на саканиот човек ве прогонува, не ви дава мир, чувствата го заматуваат разумот, тогаш треба мисловно уште еднаш да му се заблагодарите и да го пуштите. Исто така да му се заблагодарите на Господ за оваа ситуација и да го пуштите човекот. Благодарноста има моќна исцелителска сила.

Ако човекот веќе заминал од вашиот живот, а вие мислите ‘дали ќе се врати или не’? ‘Како да се врати?’ ‘Можеби треба да се обиде уште еднаш да се разговара?’ Во тој момент повеќе од се’, вие го сакате вашето чувство во врска со тој човек, а не него самиот, бидејќи тој не избира да биде со вас.

Ако ти се ‘лепиш’ за болката и трагедијата на прекинувањето на односот, како за некоја опсесивна идеја, неопходно е со силата на волјата да се префрлиш од опсесивни мисли, да го вклучиш во животот ‘овде и сега’ за да излезеш од состојба на опсесија. Најопасна работа во твојата состојба е веднаш да бараш друг ‘објект’ за да се префрлиш на поинтензивни чувства. Кога ‘нервот на љубовта’ е многу болен, не се брзајте да барате ‘љубов’ во некој друг.

Малку одморете од љубовта, дојдете во нормална, обична состојба. Ако сликата на другиот човек е сеуште жива во срцето, новата љубов ќе биде обид на пренесување на чувствата кон претходниот партнер на новиот човек.

А ако веруваме во Бог, кога тој ни ја зема омилената ‘играчка’, ги стегаме тупаниците, знаејќи дека Бог знае повеќе за тоа што ни е потребно. Ова е само охрабрување за сите вљубени кои се напуштени или отфрлени од своите партнери. Саканиот човек може и да си замине од вас, но вашата судбина нема да си оди од вас. Ако некој заминал од вашиот жиивот, значи дека не е ваша судбина. Вашата судбина, вашиот воз нема никогаш да замине..

извор: https://lifedeeper.ru/post/441-esli-chelovek-mozhet-ujti-ot-vas-to-sudba-nikogda-ne-pokinet/

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading