Следни месеци за 3 зодијачки знаци ќе бидат идеални за љубов

Кон крајот на пролетта и на почетокот на летото, според астролозите, ни претстојат планетарни аспекти кои можат да ги стават некои врски на испит, Меркур повеќе не е во ретрограден период и откако повторно ќе почне со движење во права линија, можеме да се соочиме со разни промени и научени лекции во врските.

Меркур значително влијае на комуникацијата, па можеби сега ќе бидеме способни јасно и прецизно да ги изразиме своите потреби и чувства. Марс ќе помине низ знакот Лав помеѓу 20. мај и 10. јули 2023 година. Лавот секогаш е во центарот на вниманието, па подгответе се за ‘филмот’.

Месец јуни е посветен на Близнаците и сè додека Сонцето е во нивниот знак, ќе доживееме дуалност во нашите животи. Можеби сте несигурни во одлуките или дури сте синоним за категорични одлуки во врска со вашата врска. Венера во знакот Лав, од 5. јуни, доаѓа со извонредни можности во љубовна смисла. Ќе бидете автентични и ќе им дозволите да ве видат какви сте. Венера на 23. јули започнува ретроградно движење во знакот Лав, што може да предизвика сретнувања со нови луѓе, некои нови врски, но и предизвици.

Најголемите промени, па дури и предизвици на љубовниот план, во следните 3 месеци (мај, јуни и јули), ќе ги почувствуваат следните хороскопски знаци:

БЛИЗНАЦИ

Пред вас се три напорни месеци. Сакате да сторите многу и чувствувате дека не сте во можност да се движите. Возможно е ова внатрешно треперење да претставува проблем за вашата врска, особено ако немате квалитетно заедничко време. Можеби имате тенденција сè да правите самите, а тоа ќе биде болно за вашиот партнер. Ќе треба повеќе да комуницирате и да го вклучите партнерот во вашите планови. Покрај тоа, можеби ќе се соочите со буквално важна одлука за иднината на вашата врска. Очекувајте предлози за преселување во друг град или земја.

ЛАВ

Месецот мај доаѓа со многу предизвици за вас, особено во љубовниот сектор. Да бидете во согласност со партнерот ќе биде тешко, а нема да можете точно да изразите што сакате. Искрено речено, можеби дури и не знаете што сакате. За вас, промените во личната сфера можат да произлезат од одредени можности што ги добивате на професионално ниво. Дојде време да засветлите на работата. Ако сакате вашата врска да не страда, ќе треба да бидете подредени. Вклучете романтична вечера во вашиот распоред, од време на време. Во јуни ќе биде полесно да управувате со работите, со Венера во вашиот знак. Тоа значи дека одлуката што ја носите сега за вашата врска ќе биде долготрајна.

СТРЕЛЕЦ

Следните неколку месеци ќе ви бидат тешки, особено ако вашата врска е на далечина или не успевате да поминете многу време заедно. Ако вие или вашиот партнер треба да одите во посета или сте далеку еден од друг, се појавуваат многу проблеми и конфликти. Многу членови од овој знак ќе бидат соочени со одлука дали да се разделат или да продолжат заедно. Важно е да запомните дека нема враќање назад за било која одлука ова лето. Постојат радикални промени во вашата врска и не се сите благопријатни. Дури во есента ќе можете поконкретно да го разгледате својот сентиментален живот.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading