Манупулација- ласкање, навреда и други методи

Манипулацијата како начин на добивање на она што ни е важно, го поседуваме сите, дури и оние ќе речат за себе дека се добри луѓе, искрени и секогаш директни. Зборот “манипулација” потекнува од латинскиот збор “manus” – рака и значи да се ракува, манипулира со нешто. Во контекстот на меѓуличните односи, манипулацијата се толкува како обид да управуваме со другите луѓе преку начини за кои често не сме свесни.

Бидејќи отворена и директна комуникација е клучна во секој добар однос, важно е да бидеме свесни за начините на кои сме склони да манипулираме со другите, исто како што е важно да бидеме свесни за ситуациите во кои другите обидуваат да нè манипулираат.

Манипулацијата се сведува на тенденција да ги прикажуваме настаните на начин на кој другата личност ќе биде поттикната да прави нешто што ни служи нас. Целта е да се направи контрола над другата личност за постигнување на сопствена цел, но не на директен начин преку предизвикување на одредени емоции кај неа, кои ќе ја натераат да се потчини на нашата волја. Постојат различни средства за манипулација.

Една од обичните техники на манипулација е личната навреда.

Преку навредување или понижување на другата личност, се обидуваме да ја натераме да направи она што сметаме дека треба да направи. Во партнерските односи често се соочуваме со понижување и навредување како еден од начините да и’ ставиме на знаење на другата страна за одредена работа.

Џанет Вулф, специјалистка за партнерски односи, наведува дека понижувањето и навредувањето се чест начин на кој се прибегнува за да се добие она што сакаме од нашиот партнер. Во таа смисла, манипулативните изрази кои ги среќаваме во партнерската комуникација се нарекуваат “ТИ реченици” кои се обвинувачки, како “Ти не ме сакаш”, “Ти секогаш го правиш тоа” или “Ти никогаш не слушаш”.

Освен наврда, закана и заплашување се исто така чести начини на манипулација. Во партнерските односи, овој вид на манипулација најчесто се среќава во изрази како “Ако го направиш тоа уште еднаш, ќе те оставам!”

Исмевањето на друга личност е уште еден начин да се манипулира со другите.

За разлика од шегата на сметка на туѓото однесување, исмевањето на туѓата личност има за цел да ја засрами, а со тоа да се направи контрола над неа.

Еден од најчестите начини на манипулација е ласкање и комплименти. Често се среќаваме со луѓе кои без проблем, интензивно делат комплименти и ги преувеличуваат изјавите на љубов и наклоност. За разлика од искрената и автентична симпатија која ја препознаваме кај пријателите, манипулативните лица се обидуваат да нè купат преку креирање на еден вид на близок однос и пријателство. Нивните обиди за манипулација може да ги препознаеме преку слаткоречивоста и обидите да нè привлечат со прикажување на однос кој во реалност е далеку од близок од тоа што најчесто се случува.

Во рамките на овој вид на манипулација, често ќе се среќаваме со луѓе кои на почетокот на запознавањето ќе ни ја раскажат цела своја животна приказна со нагласок на тоа како се разбираме со нив, како никогаш не сретнале некој како нас, како ние сме единствениот човек пред кој можат да се отворат и ги голат своите души. На овој драматичен и преувеличен начин на изразување на своите “емоции”, тие се обидуваат да креираат чувство на припадност и да ни се приближат.

Заедно со ласкањето, како вид на манипулација често се појавува и самосожалувањето.

Манипулативните лица кои се склони на оваа техника се обидуваат да креираат впечаток кај другата страна дека се тажни, очајни, полни со страдања. Самосожалувајќи се, тие се обидуваат да предизвикаат сочувство кај другата страна и на тој начин да ја постигнат својата лична цел. Ова успева преку фалсификување на отвореност и споделување на сопствената интима со другите, прикажувајќи се како беспомошни.

Како што лажната симпатија и ласкањето може да бидат начини на манипулација, и манипулацијата е можно да се изврши преку заплашување со одбирање. Оваа техника често се користи совршено несвесно, примерено од мајките кои ја сметаат за ефикасен начин на воспитување на своите деца. Тие веруваат дека со постојаните критики го потикнуваат развојот на своите деца, иако во суштина само постигнуваат чувство на отфрлање и неприфатеност кај нив.

Заплашувањето со одбирање често го среќаваме и во односите на паровите каде можеме да се соочиме со изјави како: “Ако го направиш тоа уште еднаш, меѓу нас е завршено!” Овој вид на манипулација во суштина претставува начин на заплашување на другата страна, со цел да се промени нејзиното однесување во насока која ја сметаме за посакувана.

Агресивното испрашување исто така може да биде средство на манипулација.

Под ова се подразбира склоноста на секој одговор на соговорникот да продолжиме со агресивни прашања како “зошто?”, кои имаат за цел да ја релативизираат поентата што соговорникот се обидува да ја изрази и да ги оцени сите негови аргументи. Овој вид на манипулација често ја среќаваме во политичките дебати, каде што, се разбира, се присутни и сите други видови на манипулација.

Како што видиме, манипулацијата претставува стил на комуникација во која пораката не се пренесува директно, туку се обидува преку одреден начин (било то угодување, заплашување или некој друг начин на манипулирање) да се постигне посакуванта промена кај другата личност.

Многумина од нас, гледајќи ја комуникацијата на нашите родители или важните лица во нашата околина која има манипулативни маневри и сами го преминуваат овој начин на комуникација. Затоа е многу важно да го освестиме оваа склоност и да го замениме со директна и отворена (асертивна) комуникација – со која ја зголемуваме веројатноста да се разбереме со другата личност и да го воспоставиме квалитетен однос.

-psiholoskikutak

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading