Секој среќен човек, прво одлучил да биде среќен

Оставете ги туѓите животи и одлучете да се заинтересирате за својот, поставувајќи ги приоритетите во него. Не повторувајте постојано ‘немам време’ за ова или она, додека истото го трошите со туѓи животи.

Кога ќе им одолеете на искушенијата да се занимавате со туѓите животи ќе откриете неописливо задоволство да се занимавате за својот живот.

Ќе откриете како сопствениот живот може да стане најдобра авантура, ако одлучите да ја вложувате во него, сета своја енергија и време. Кога ќе сфатите дека среќата доаѓа од одлуката да бидете среќни.

Позади секој среќен човек стои неговата одлука да биде среќен. Да биде среќен и покрај сите притисоци и разочарувања, среќен и покрај сите падови и порази.

Тоа го можете, само ако верувате дека животот може да биде добар колку и да има лоши искуства во него, бидејќи сите тие имаат причина зошто се нашле на вашиот пат.

Позади секој среќен човек стои неговата одлука дека сам ќе ја пише својата животна приказна, не дозволувајќи им на другите да му зборуваат што мора да прави и во што треба да верува.

by Рита

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading