Духовно привлекување

Она чувство кое не можеме да го објасниме, кога мислиме дека некој го знаеме десет години, а всушност само што сме го запознале. Силна, по малку ирационална, дури и застрашувачка привлечност кон некоја личност може да нѐ изненади, бидејќи никој за тоа свесно не размислува, тоа се работи кои едноставно се случуваат на духовно ниво. Би можело да се каже дека сме ја препознале, а не запознале.

Оваа привлечност која секогаш оди со коментарот ‘неверојатно’, може да се помеша со романтична или сексуална привлечност, но во исто време нас ни е јасно, дека се работи за нешто подлабоко. Како нешто во нашата срж, неодоливо да не’ поттикнува на поврзување со таа личност, чувствуваме дека се резонираме на некоe длабоко, таинствено ниво, без можност за потполно објаснување.

Кога зборуваме за препознавање и чувствот со некој, кого штотуку сме го запознале, а ни се чини како одамна да го знаеме, покажува само дека сѐ е во ред со нас, бидејќи навистина таа личност ја познаваме одамна, односно душата, со која во еден или повеќе минати животи сме имале некаков однос. Ако сме прифатиле мисла, дека душите живеат низ неколку животи, тогаш е можно, дека на некое духовно ниво имаме договор со тие души, да работиме заедно на духовниот развој во овој живот.

Мислењето дека секој на светот има своја сродна душа, само треба да ја пронајде, е всушност точна, но, тоа не се однесува само на љубовен однос и не е само една сродна душа. Може да се случи да почувствуваме поврзаност и со некој  кој има слична енергетска вибрација. Обично велиме дека не’ привлекуваат луѓе кои нешто зрачат, а со луѓето кои имаат слични енергетски вибрации се чувствуваме пријатно.

Всушност, ќе запознаеме луѓе со енергија, каква што сакаме да  имаме или каква ни е потребна и тоа ќе не привлече. Во нивна присутност, можеме лесно да се прилагодиме на нивната енергија и тоа овозможува да учиме, растеме и да се менуваме, што ќе се манифестира со нови резултати во животот и ќе ги смени нашите вибрации.

Сигурно, сите имаме доживеано и однос со некоја личност која на почетокот не нѐ привлекла, не постоела таа духовна неопишлива привлечност, но сепак нас со нив нешто посебно не врзува. Без нив не можеме, тоа си знаеме, а зошто- тоа баш не ни е јасно. Дури сме се прашувале како тоа да сме во врска, токму со таа личност, каква и да е природата на врската. Но, со тек на времето ни станува јасно. И тие луѓе во нашиот живот се со причина, која не ни беше јасна на почеток, но потоа ни станува кристално јасно.

Тоа се нашите духовни водачи, нѐ привлекувале пополека и трпеливо, поради взаемната духовна корист. Индијанците имаат добра изрека – душите ги водат душите во спиритуалниот свет.Несомнено, на сите ни треба усмерување и подршка во животот. Оваа духовна помош доаѓа во разни облици, па и во човечки.

Некогаш во луѓето препознаваме она што сме го сакале во другите, тие нѐ потсетуваат на некој што ни е важен во некои минати животи, што нас ќе не’ привлече. Но, ова често се случува и на телесно ниво. Ќе нѐ изненадат чувства кога ќе запознаеме неко, кој не подсетува на личности со кои сме физички разделени, но тоа на некој начин е нужно. Во секој случај учиме она што е навистина важно а тоа е единствено и секогаш – само љубов, без оглед кон кој и зошто.

Животните приказни и личните искуства постојано нѐ учат да веруваме, како во некој однос од било која врста- “не ни беше судено”. Но тоа не е точно, секој од нас бил привлечен или сме привлекле луѓе со некоја причина и сите се тие лекции кои мора да се поминат и траат, толку колку и’ се потребни на нашата душа. Некои души ќе дојдат сами и ќе ни го “свртат светот”, некои долго ќе ги чекаме, а некои мораме сами да ги најдеме. Затоа треба да живееме со отворена душа и треба да му веруваме на инстиктот, кога имаме необични чувства.

Тие се тука со причина.

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading