И покрај времето, и покрај далечината, секогаш вистинскиот пријател ќе биде покрај вас

Вистинското пријателство не треба да се дели секој ден, за да знаете дали лојалноста е искрена или исчезнала. Нема притисок и пријателите не се чувствуваат принудени, да ја делат секоја мисла и искуство во моментот, кога тоа ќе се случи.

Вистинските пријателства кои потекнуваат од магија, случајно, оставаат простор и нудат слобода, бидејќи врската се негува со доверба и искрени чувства. Тоа се оние, кои се изразуваат речиси без зборови, оние кои велат: ‘Јас не ти должам ништо освен што ти должам се’ , ‘Секогаш ќе бидам со тебе, кога и да ти затреба.

Ги сакам пријателствата кои не знаат за време или простор. Луѓе кои животот ќе ги одели од тебе од илјада причини, но кои по месеци или дури години, се враќаат со иста енергија, како да поминал еден час од последниот пат кога сте се виделе.

Можеби и денес го имате тој посебен пријател или пријателка од детство. Тоа е личноста со која сте делеле авантури во училиште, попладневни игри, палачинки со Нутела, или можеби сте имале некој нов во животот подоцна, во моментот, кога во животот најмногу ви требал.

Тоа се интимни односи, кои остануваат живи, со најдлабоки чувства, а понекогаш дури и поради необјаслива магија која им дозволува на срцата да стапат во контакт, дури и ако не знаат зошто.

Дали некогаш ви се случило? И покрај времето, и покрај далечината, секогаш да бидат покрај вас?

Животот е движење, а само оние кои се движат можат да ги допрат своите соништа со прстите. Понекогаш, за жал, тоа не’ обврзува да се откажеме, да го напуштиме својот дом, нашата кариера, па дури и пријателствата. Секако дека некогаш ви се случило. И во тој момент, кога ќе се сретнеме со личните промени и раст, откриваме кои се најважните луѓе во нашите животи.

Но, исто така, не морате да се грижите ако некои луѓе исчезнаа од вашиот живот. Искрените пријателства се многу ретки, но тие сјаат со ист сјај на дијамантот: неуништливи се и остануваат со вас секој ден од животот, да ве осветлат во мрачните денови и ви даваат хармонија во моментите на среќа.

Извор: atma

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading