Решението е во тебе. Се вика верба. Верба во себе…

Решението е во тебе. Можеби е малку подлабоко закопано, но сигурно е тука. Се вика верба. Верба во себе, во љубов и вишата сила. Вербата во позитивен исход.

Се вика и оптимизам, ентузијазам, љубов кон животот, благодарност за се’ што си, се’ што имаш и се’ што треба да станеш и да добиеш. Животот не е мака. Не е огромен проблем составен од безброј помали проблеми, кои трчаме да ги решиме за конечно да го пронајдеме својот мир, својата среќа и потоа до судниот ден да уживаме во нив.

Животот е училиште, искуство, напредок, развој. Ако проблемите ги набљудуваш како непријатели, тогаш тие никогаш нема да бидат нешто позитивно и конструктивно. Но, ако почнеш да ги набљудуваш како предизвици, како лекции, како ново сознание, тогаш тие се претвораат во сојузници, не изгледаат така застрашувачки и силно.

Животот носи на подарок разни искуства. Некои ни се допаѓааг, а некои едвај ги поднесуваме. Оние помалку атрактивните се тука да не’ научат како не треба, а оние кои ги дочекуваме со насмевка на лицето се тука да ни покажат кои сме, што не’ привлекува, кој е нашиот пат, нашата цел, нашата задача.

Од проблеми и маки не може да се бега, тоа никој до сега не го направил. Може детално да се анализира и пополека, трпеливо да се бара решение. Ако животот те притиснал и не те пушта, тоа само значи, дека нешто не гледаш како што треба, нешто во себе, нешто многу важно.

Тоа значи дека одиш по погрешниот пат. Дека во тебе има многу лутина, омраза, неразбирање, нетолеранција, неверување. Тоа значи дека си се оддалечил од се’ добро, природно, вредно за внимание.

Животот удира шлаканици, без пардон кога луѓето го игнорираат. Бог нема раце, да те допре и да ти покаже каде треба да одиш. Тој затоа праќа други луѓе, книги, суптилни пораки, непријатни околности, па дури и страдање. Ќе те пикне во ќош, кога- тогаш и ќе те натера да се предадеш и да се потпреш на него.

Зар не е попаметно да не го чекаш тој момент? Не е наше да му наоѓаме мани на животот. А и на луѓето. Ниту на околностите. Наше е да се грижиме за себе, најдобро што можеме. Себеси да се проучуваме, унапредуваме, менуваме. Наше е сите случувања да ги прифатиме како корисни искуства.

За се’ постои причина. Ништо не е случајно. Наше е да размислуваме, за да сфатиме што сака животот од нас. Што е за нас најдобро, бидејќи не мора да биде, она си зацртавме или она што сите го работат.

Ако ја пронајдеш таа тенка нишка во себе, можеш да бидеш среќен и потполно мирен, кој и да си, каде и да си. Затоа, барај, мисли, истражувај во тишина и слушај се со себе секој ден. Ослушнувај ги тие тивки суптилни пораки. Ако сакаш нешто да промениш, знај, се’ е до тебе и во тебе- и кога и како и зошто. Се’ е во тебе.

извор: Uspesnazena

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading