Провокацијата е напад со кој се служат слабите луѓе – научете да ги игнорирате

Луѓето кои ве провоцираат имаат само една намера- да ве видат лути, огорчени и понижени. Зошто да им го дозволите тоа задоволство?

Различни врсти на интелигенција се наоѓаат во човечкиот мозок. Еден од важните врсти на интелигенција со која секојдневно се служиме е емоционалната интелигенција. Тоа е збир на вештини со чија помош може да се разберат туѓите чувства и емоции. Тоа е вештина со чија помош човекот се носи со своите емоции.

Кршливите луѓе се многу чувствителни по прашањето на провокацијата, што може да значи дека нивната емоционална интелигенција е голема, но сепак слаба.. За да го зајакнете оваа врста на интелигенција мора да работите на себе и да практикувате психолошки совети.

1. Пронајдете ги своите слаби точки. Кога знаете што ве навредува најмногу, тогаш сте на одличен пат да зајакнете.

2. Анализирајте ги личните граници. Дали на другите луѓе им ставивте јасно до знаење кои граници не смеат да ги преминат? Што се случи, па вашиот соговорник ве носи во непријатна ситуација? На крајот на краиштата, луѓето често постапуваат кон нас онака какао што ќе му дозволите.

3. Сфаќате дека провокациите се обид некој да ве понизи. Ако почнете да паѓате на туѓи провокации, тогаш таа личност ќе биде изнервирана и ќе сака да ве понизи уште повеќе.

4. Направете пауза. Кога ќе почнат да ве обземаат силни и луди емоции направете пауза, застанете на момент и длабоко дишете. Не си дозволувајте да реагирате бурно под влијание на напливот на емоции, па подоцна да се каете.

5. Воздржете се од судир. Личноста која ве провоцира има само една намера- да го разбуди најлошото во нас. Таа личност сака да експлодирате. Сака да ве видат лути, огорчени, понижени- зошто да им давате такво задоволство?

Leave a Reply

Up ↑

Discover more from О3 Зона

Subscribe now to keep reading and get access to the full archive.

Continue reading